Будимпешта-Автобус

Автобус – 4 дена – 2 ноќевања

                                                                                                                                
07.03               СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на групата пред хотелот “Holiday Inn” во 17.00 часот. Поаѓање за Будимпешта во 17.30 часот. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

08.03               БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина… Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.

09.03               БИДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА

Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое  се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, факултативно вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

10.03               БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. Индивидуално слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци или посета на зоолошка градина. Тргнување за Скопје во пладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни  часови.

 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 10.02: 139€ (8.620 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169€ (10.480 мкд)              

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со туристички автобус на наведената релација

Сместување во Хотел 4* Danubius hotel Hungaria city centar во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Разглед на Будимпешта со локален водич 15 евра

Вечера во ресторан Чарда 40 евра

Крстарење со брод по Дунав 20 евра

Посета на Сент Андреа 20 евра

Влезници за музеите и културно – историските споменици

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за 1/1 соба 3500 денари

Доплата за избор на седиште во автобус – 10 евра

Туристичка такса 4 евра по лице за целиот престој (се плаќа во автобус)

 

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (Разглед Будимпешта, Крстарење по Дунав и Посета на Сент Андреа)- евра – 50 евра

ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ – 85 евра

 

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенцијата.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 5(пет) дена пред поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето 

 

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email