Атина-Автобус

07.03.2024 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ-АТИНА

Состанок на групата на Хотел Русија во 19:30 часот. Поаѓање за Атина во 20:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

08.03.2024 (ПЕТОК) АТИНА

Пристигнување во Атина. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Сместување во хотел. Слободно веме за индивидуален разглед. Посета на таверна и прослава на денот на жената. Ноќевање

09.03.2024 (САБОТА) АТИНА-ПЕЛЕПОНЕЗ

Појадок во хотел. Екскурзијата започнува во 08:00ч по локално време. Првото место што ќе го посетиме е Коринтскиот залив, кој ги соединува Саронскиот залив на Егејско море и Лахејскиот залив на Јонско море од каде се оди на полуостровот Пелепонез. Ќе имате можност да направите фантастични фотографии од мостот. Екскурзијата продолжува и се посетува најголемиот и најдобро сочуваниот приметок на класичен грчки театар во Гррција кој датира од 4 век п.н.е, Епидариус. Ова е уметничко дело, секој звук на сцената без разлика дали е крик или шепот, длабока воздишка или звук на палење на кибрти, може да се слушне низ театарот дури и во последните редови. Се смета дека распоредот на седиштата е всшност акустичен филтер кој овозможува да се намали бучавата во позадина, како што е мрморењето на публиката, притоа нагласувајќи ги звуците со поголема фреквенција што доаѓаат од сцената. Најголемиот грчки театар е висок 114 метри и може да прими од околу 13.000 луѓе. Во 1998 година е под заштиа на УНЕСКО. По посетата на Епидариус се посетува градот Нафплио. Според легендата го основал Нафлиј, синот на богот Посејдон и Амимон. Првиот главен град на Грција се наоѓа на два часа возење од Атина и зрачи со венецијански шарм, благодарение на италијанскиот стил на градба. Кога ќе шетате низ градот ќе се почувствувате дека сте во градот Керкира или пак на момент во Венеција/Болоња, ќе помислите дека сте го посетиле овој град некогаш а всушност за прв пат ќе бидете. Долгите пешачки улици на стариот град нудат бескарјни можности за купување од автентични сувенири. Слободно време за ручек. Последното место за овој ден е предвиден за градот Микена кој е еден од најважните археолошки локалитети во Грција. Според митологијата, ова бил градот на легендарниот Агамемнон, водачот на Грците за време на Тројанската војна. Најпознатите места на Микена се Лавската порта, влезот на градот и Ризницата на Атреј. Од највисоката точка на Микена има преубав поглед кон море и секако градот Нафплио. Враќање во хотел. Ноќевање

10.03.2024 (НЕДЕЛА) АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Заминување на екскурзија. Првото место што ќе го посетите е пристаниште Пиреја. Некогаш ненаселен остров во близина на Атина, во текот на 5 век п.н.е.. но со полнење на земјата и градење на ѕидови, Пиреја стана дел од градот и атинското присташиште, едно од најголемите пристаништа во овој на дел на Медитеранот. Панормаски разглед на Пиреја што ќе ве воодушеви. Ќе имате можност да ги видиите стадионот на фудбалскиот клуб Олимпијакос. Последното место за посета е Сунион, храмот на Посејдон. Храмот на Посејдон стои сам на карпа покрај морето, погледот кон отворено море е фантастичен, ќе имате можност да уживате и да пиете кафе со поглед на море. Заминување кон Атина. Се земаат патниците кои не одат на овој факултативен излет и се поаѓа кон Македонија. Очекувано пристигнување во Скопје по полноќ.

Промо цена до 20.01: 129 eвра / 8000мкд

Цена до 10.02: 139 eвра / 8620мкд

Редовна цена на аранжман: 159 евра / 9860мкд

Во цената е вклучено:

Автобуски превоз

2 ноќевања со појадок во хотел 3*

Панорамски разглед на градот

Туристички придружник од агенција

 

Во цената не е вклучено:

Пакет 1- Посета на Пелепонез (Нафплио, Епидариус и Микена)- 45е

Влезниците за Епидариус и Микена не се вклучени во пакетот (Епидариус 12е и Микена 12е)

Посета на Пиреја и Сунион- 30 евра

Влезница за Акропол со локален водич- 20 евра

Туристичка такса- 4 евра од лице

Пакет 2- (Пелепонез, Пиреја, Сунион и Акропол)- 90 евра

Влезниците за Епидариус и Микена не се вклучени во пакетот (Епидариус 12е и Микена 12е)

Индивидуални трошоци

Прослава за 8-ми Март во таверна- (Цена дополнително)

 

НАПОМЕНА:

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.

За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.

Патникот е должен при уплата на аранжман ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се изјасни на кои екскурзии ќе присуствува. Во случај да се нема изјаснето и нема доволен број на влезници за одреден музеј/знаменитост а притоа сака да присуствува,агенцијата не превзема одговорност.

Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.

Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства

Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.

Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email