Пролом Бања-Автобус

Термин: 8 Март 2024 | 3 дена – 2 ноќи | Автобус

1ден/ 08.03 (петок)  СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес центарот на хотелот. ВечераНоќевање.


2ден/ 09.03 (сабота)  ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Во 10.00 часот заминување на факултативен излет со автобуски превоз и локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, избран е во ТОП 77 во изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. (Можност за свечена вечера со неограничени локални пијалоци со доплата. Ноќевање.


3ден/ 10.03 (недела)  ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10.00 часот организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.


 Цена на аранжманот: 165€ / 10.230 мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација.

– Сместување во Хотел Радан 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања (ТВ, бањарки и фен за коса).
– Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера на база шведска маса) .
– Користење на услугите од Велнес Центар: отворено – затворен базен со Пролом Вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум.
– Користење сала за рекреација (биљард, пинг понг, пикадо).
– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич .
– Туристичка такса.
– Организација и реализација со туристички придружник.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување.

– Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница – 5€ (доплата на лице место).
– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€/1.550ден (на барање)

– Дете 7-12год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 70€/4.340мкд
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање).
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за дополнително седиште во автобус -35€/2.170ден
– Намалување за сопствен превоз -20€/1.240ден од патник.


НАПОМЕНА:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.


 За овој аранжман важат општите услови на патување на агенцијата.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email