Врњачка Бања 8-ми Март
Hotel Fontana 4* – Vrnjacka Banja,Srbija
Редовна цена на аранжманот 169 евра / 10.478 мкд
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.
ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ ( 08.03-10.03.2024)
1.Ден 08.03.2024 (Петок) СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Фонтана 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.
2.Ден 09.03.2024 (Сабота) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13-от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.
3.Ден 10.03.2024 (Недела) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во претпладневните часови.Попатна посета на LIDL маркетот во Врање или ручек во ресторан Грош во Лесковац(опционално).Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби
– Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
– Исхрана на база 2 ноќевања со поjaдок
– Секојдневно користење на Велнес и Спа центар (еден влез дневно)
– Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Доплата за вечера 15€ од ден по особа и задолжително пријавување при резервација на аранжманот;
– Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
– Доплата за туристичка такса 3€/186ден вкупно за 2 ноќи (доплата во агенција);
– Факултативна посета на манастирот Жица 15€ (доплата на лице место)
– Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден на цената на аранжманот
Попусти и опционални доплати:
– Намалување за сопствен превоз –10€/1.240мкд по патник
– Дете до 7г во придружба на 2 возрасни во хотел плаќа само превоз 25€/1.550 ден (на барање)
– Дете од 7г-12г во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет во хотел плаќа 50%
Напомени:
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 1 недела пред поаѓање.
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на агенцијата.
Хотел „Фонтана“ лоциран е веднаш до паркот, кој се простира на над 60 хектари уреден простор, а од друга страна до познатиот „Мост на Љубовта“ и шеталиштето.Со својата традиција на гостопримство над 55 години, тоа е најпопуларното место. Во 2019 година, хотелот e целосно реновиран и денес има вкупно 212 сместувачки единици, со 176 соби и 36 апартмани, чии тераси нудат уникатен поглед на Централниот парк. Редизајнираните соби со убави имиња и топли бои овозможуваат спој на историјата и модерното време. Апартманите се пространи, модерно опремени и овозможуваат удобност во секој поглед.Започнете го вашиот одмор со книга и утринско кафе или коктел од свежо овошје во модерниот лоби бар или на надворешната тераса. Лоби барот е исто така омилено место за дружење, лесен оброк или чаша вино.Хотелот иако блеска со нов сјај, ги има задржано старите традиционални вредности: квалитетна услуга, долга традиција и фантастична локација.
ВЕЛНЕС ЦЕНТАР – Современо опремениот велнес центар „Фонтана“ е место за бегство од секојдневниот живот, оаза на мир и уживање во релаксирачка околина.Солена соба – во просторија со температура од 25 ° C, воздухот е збогатен со најдобрите честички на сол што во голема мера има позитивен ефект врз респираторниот систем.Турска бања (АМАМ) – стапката на влажност е околу 100%, a топлината во турската бања полесно се толерира отколку онаа во сауната.Тепидариум или топлите клупи се загреваат на температура од 37 ° С и на овој начин телото испушта онолку топлина колку што прима со минимална употреба на енергија.Туш кабини – комбинацијата на звучни и светлосни ефекти и пријатен третман со капки вода, туш кабините позитивно влијаат на мигрена и напнатост во целото тело.Сауна, три типа на сауни на располагање:Финска сауна: со температура до 100 ° C и мала влажност, поради што се нарекува и „сува сауна“.Инфрацрвена сауна: нордиско дрво од смрека, висока температура и ефект на побрзо потење, се главните карактеристики на оваа сауна.Био сауна: пријатна комбинација на финска и парна сауна каде температурата се движи до 60 ° C со влажност до 50%.
СПА ЦЕНТАР – Хидромасажна када – топла вода каде температурата варира од 30 ° C до 35 ° C, димензии 7m x 2m. , за хидромасажа на стапалата има млазница што извира од подот, додека страничните млазници се наменети за релаксација на регионот на вратот и грбот.Џакузи – температури до 34 ° C, се користи првенствено за релаксација.Рекреативен базен – има димензии 10 х 6 х 1,5 м, температури до 30 ° С.Детски базен – малите деца можат да уживаат во кружниот базен на температура до 32 ° С