Автобус – 5 дена- 2 ноќевања
ВИЕНА – актуелна престолнина на Австрија и некогаш главен град на моќната Австроунгарска Империја.
Денес модерна туристичка метропола на бреговите на убавиот плав Дунав. Градот шармира со убавите Палати на Царскиот Hoffburg и Шенбрунските паркови,како и со богатите уметнички колекции… шопинг и гурманско уживање во многубројните ресторани. Градот во кој живееле и твореле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн,Моцарт…
Во Виена е се посебно, од убавината на неговата панорама до вкусот на колачите.
07.03 СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Тргнување кон Виена во 14:30 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
08.03 ВИЕНА
Пристигнување во претпладневните часови. Следи задолжителен панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Градското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот…
Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање
09.03 ВИЕНА – БРАТИСЛАВА – Шопинг центар Parndorf – ВИЕНА
Појадок. Факултативна посета на Братислава: Братиславскиот дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Враќање во Виена и посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf, слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
10.03 ВИЕНА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабсбуршката монархија, изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говори за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф… Факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на градот. Слободно време за индивидулни активности. Во попладневните часови заминување кон Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 10.02: 189 € / 11.720 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 € / 12.960 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел 3*** во Виена на база 2 ноќевања со појадок
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– ЗАДОЛЖИТЕЛЕН разглед на Виена 15 €
– Разглед на Братислава – 30 €
– Посета на Шенбрун (превоз + влезница+води) 50 €
– Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25 €
– Влезници во музеите и културно – историските споменици
– Со доплата за еднокреветна соба 3.500 мкд
– Доплата за избор на седиште во автобус – 10 €
– Туристичка такса 5 € по лице ( плаќање во автобус)
– Патничко–здравствено осигурување – задолжително
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 25 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенцијата.
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1евро = 62 денари
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.