Прага

Прага
21/04/2022  – 25/04/2022

(21.04.2022) Скопје- Србија – Унгарија

Состанок во Скопје во пладневните часови. Патување кон Прага, преку Србија, Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

(22.04.2022) Прага

Добредојдовте во златниот град! Почеток со официјалниот разглед на најпознатите атракции и знаменитости во Прага, со лиценциран локален водич.Калето каде е сместен Прашкиот Дворец во кој се сместени официјалната резиденција и канцеларија на претседателот на Чешката Република. Во дворецот има црква, дворските градини, коњушницата и секако војниците кои несмеат ниту да трепнат пред шармантните насмевки на туристите. Според Гинисовата книга на светски рекорди овој дворец е најголемиот во светот како кохерентен комлекс на замоци со околу 70,000м2 површина. Секако дека е заштитен и од УНЕСКО како место со светско наследство. Продолжуваме кон римокатоличката катедрала св. Витус, во која може да се влезе слободно и по желба. Катедралата е одличен пример на готската архитектура и седиште на главниот бискуп. Во неа се сместени и гробниците на многу бохемиски кралеви и римски императори – што ја прави најголемата и најважна црква во земјата. По пат кон разгледната точка над Прага, идеална за групни фотографии ги сретнуваме и базиликата св. Џорџ и музејот на играчки. Од видиковецот се спуштаме низ паркче до малиот плоштад познат како прашка Венеција и стигнуваме до фамозниот Карлов мост на реката Влтава кој не спојува со стариот град. Низ тесните шармантни улички полни со продавници за сувенири стигнуваме до третиот најстар Астрономски часовник во светот, а последен кој сеуште работи. Секако зад неговата градба стои историска приказна за паметење. Следна дестинација е главниот плоштад каде завршува пешачката зона и каде е време да се дегустираат чешките колбасици и пиво за многу пристојна цена- мини ручек со поглед на Националниот музеј каде што првиот дел на официјалниот разглед завршува. Слободно време за индивидуални активности.Сместување во хотел. Ноќевање.

(23.04.2022) Прага- Карлови Вари – Крстарење по Влтава – Прага

Појадок. Факултативен излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културна елита од 19-ти век. Овој град се наоѓа на околу 130 км од Прага, истиот го добил името по Бохемискиот Крал Карло 4ти. Овде имаме можност за посета на еден од 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото “мосер”, како и ликерот “беќеровка” кои може да ги вкусите или да ги купите како подарок за некој од вашите блиски. Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта, факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава можност да уживаме во Прага на еден поинаков начин, да го погледнеме градот од друг аспект. Ноќевање.

(24.04.2022) Прага – Виена – Унгарија

Појадок. Посета на трговски центар. Слободно време за шопинг и во попладневните часови поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Унгарија и Србија со кратки попатни паузи.

(25.04.2022) Македонија

Пристигнување во Македонија во утринските часови

цена по лице: 129ЕУР

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
  • 2 ноќевања со појадок во Прага во хотел со 3*
  • Посета на трговски центар
  • Организација и водство на патувањето.

Во цената на аражманот не е вклучено:

  • Разглед на Прага со локален водич (10еур)
  • Факултативно крстарење по В’лтава (20 еур)
  • Факултативна посета на Карлови Вари (25 еур)
  • Факултативна вечера во национален ресторан-пивница (35 еур)
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 50% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЧЕШКА

  1. Сите патници, пред патување во Чешка, мора да пополнат формулар за пристигнување (на следниов линк:https://plf.uzis.cz/), а отпечатена верзија од пополнетиот формулар мора да се стави на увид при граничната контрола по барање од службеното лице;
  2. Патниците кои се имунизирани се должни да го презентираат сертификатот / потврдата за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози вакцина против заразната болест COVID-19 – од вакцините што се признати од Европската агенција за медицина (ЕМА);
  3. Негативен ПЦР тест не постар од 72часа

 ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
  3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
  4. Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Велигден

Крф

Крф   21/22.04.2022 – четврток/петок Состанок на групата на паркингот

Детали »
Велигден

Будва

Будва и Бокакоторски залив 1.ден (21.04.2022) СКОПЈЕ – БУДВА Состанок

Детали »
02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email