Крф

Крф

 

21/22.04.2022 – четврток/петок
Состанок на групата на паркингот на Холидеј Ин во 21:30ч. Тргнување во 22:00ч. кон граничниот премин Богородица со кратка пауза пред самата граница. Царински формалности. Во раните утрински часови пауза кај Јанина. Патувањето продолжува до Игуменица од каде се качуваме на траект и пристигнуваме до главното пристаниште на островот Крф. Од таму се упатуваме кон Ипсос. Сместување во апартманите. Слободно време за одмор. Во 17:00ч. се упатуваме кон Стариот град Крф (Kerkyra), каде во 22:00ч. ќе го проследиме и последниот Епитаф за оваа ноќ. Тоа е импресивниот Епитаф на Kатедралата во Крф. Со овој Епитаф, присуството на Светото Свештенство, на властите и на илјадниците жители на Крф, како и посетителите, дава восхитувачка димензија во оваа жална ноќ. „Старата“ филхармонија (црвена) ја изведува “Adagio” на Албинони, филхармонијата „Mantzaros“ (сина) настапува со “Marcia Funebre” од Верди и филхармонијата „Kapodistrias“ ја изведува “Elegia Funebre” од Маријани, исто така позната како “Sventura” и “Chopin’s Marche Funebre”. Активностите поврзани со последниот Епитаф траат до 00:30ч., кога и се упатуваме кон апартманите во Ипсос. Ноќевање.

23.04.2022 – сабота

На ден Велика сабота во 07:00ч. се упатуваме кон главниот град Крф (Kerkyra) каде ќе можеме да ги видиме традиционалните обичаи кои се случуваат на островот за овој празник. Во 09:00ч. се одвива побожното собирање на Епитафот на црквата Свети Спиридон. Во 1574 година, Венецијанските власти, од безбедносни причини, ги забраниле сите Епитафи на Велики петок. Поради тоа жителите на Крф го собрале Епитафот на црквата Свети Спиридон заедно со ковчегот на светецот за време на Светата саботна литанија, која била веќе воспоставена традиција и не можела лесно да се забрани. Оваа литанија е најстарата и најимпресивната од сите литании на Патронот заштитник на Крф. По завршувањето на литанијата, ковчегот на Свети Спиридон останува во црквата за тридневен аџилак. Во 11:00ч. започнува т.н. „Прво воскресение“. После утринската Миса ѕвонат ѕвончињата и од прозорците и балконите на куќите илјадници садови од глина полни со вода се фрлаат на улиците. Овој обичај е поврзан со Евангелието, но исто така е и венецијанско влијание. Жителите на Крф го присвоиле овој обичај, но го смениле датумот со Велигден, најголемиот грчки празник, а старите предмети ги замениле со глинени садови. По фрлањето на глинените садови, Филхармонијата маршира по улиците на историскиот центар на градот свирејќи весели мелодии. Откако ќе завршат обичаите кои се поврзани со фрлањето на глинените ќупови низ улиците и сокаците на градот, следува слободно време за прошетка, кафе во некои од кафулињата низ градот или пак ручек во многубројните таверни и ресторани. Во 15:00ч. се упатуваме назад кон апартманите во Ипсос каде ќе имаме слободно време за одмор или индивидуални прошетки. Во 21:00ч. се враќаме повторно кон главниот град Крф (Kerkyra) за да го прославиме “Воскресението Христово” кое се одвива на „Pano Platia“ и каде низ целиот град, по плоштадите, улиците и тесните сокаци има разни веселби. Во 00:00ч. се дочекува големиот христијански празник Велигден, кој е проследен со волшебен неколкуминутен огномет од Старата тврдина. Во 01:00ч. се упатуваме назад кон Ипсос, каде продолжуваме со забава во Club.

24.04.2022 – недела

На ден Велигден, во 10:00ч. се упатуваме кон заливот Палеокастрица кој е туристичко место на северозападниот брег на островот Крф кое се наоѓа на 19км од градот. Се посетува манастирот, сместен на зелен рид над плажата на Палеокастрица, посветен на Панагија (Девица Марија) од Палеокастрица кој доминира во целиот регион, изграден на врвот на далечниот рид и овозможува прекрасен поглед на островот и морето. Манастирот има восхитувачка цветна градина, а додека сте таму можете да ги погледнете изложените стари досиеја на манастирот, огромната школка, скелетот на “морското чудовиште” и да си замислите желба фрлајќи паричка во бунарот на желбите. После посетата на манастирот се искачуваме кон Лаконес. Мало традиционално селце, лоцирано на 4км оддалеченост од плажата. Старите камени куќи кои потекнуваат од 18-ти и 19-ти век сведочат за културното минато на ова подрачје. Искачувањето трае, но како се качуваме повисоко, глетката станува се повозбудлива. Самиот Лаконес е познат како Bella Vistа – во Европа познато како едно од топ 10 места со спектакуларен пејсаж кон отворено море. Тука е лоциран и барот Golden Fox кој нуди поглед кој го одзема здивот и ја поставува Палеокастрица на Вашите дланки. Уживате во поглед на неверојатна комбинација од сино небо, тиркизно море и зеленилото на природата. Во попладневните часови се упатуваме кон локална таверна каде ќе имаме организиран ручек и ќе можеме да уживаме во традиционалната грчка храна и пијалоци во убава и опуштена атмосфера. После организираниот ручек се враќаме во апартманите каде имаме слободна вечер.

25.04.2022 – понеделник

Напуштање на собите до 09:00ч. Откако ќе ги напуштиме собите се упатуваме кон Achillion Palace, летна палата изградена во 1890 година, специјално за Кралицата на Австрo-Унгарија, Елизабета, позната како Сиси. Ентериерот е декориран во стилот на грчката митологија, а во чест на грчкиот полубог Ахил. Популарноста на Achillion Palace доаѓа и од фактот дека во неа е снимен познатиот филм за James Bond 007, “For Your Eyes Only”. Оттаму се спуштаме и се упатуваме кон областа Канони каде се наоѓа мала црква на Panagia Vlacherna, изградена во 17-ти век која е позната по импресивниот дрвен иконостас. Од црквата тргнуваат мали бротчиња кон легендарниот Mouse Island, кој е на 5 мин. оддалеченост. Овој зелен остров името го добил по тоа колку е мал. Според митологијата, овој карпест остров е бродот на Улисес кој бил претворен во камен од богот Посејдон. Се искачуваме на врвот од ридот во Канони каде се наоѓаат две кафулиња со фасцинантен поглед кон црквата Panagia Vlacherna, морето и Mouse Island. После посетата и разгледот на палатата Achillion, собир на групата и тргнување од островот во попладневните часови. Патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА по лице: 99 € / 6.140 ден. (за уплати до 15.03.2022)

редовна цена –    109 € / 6.760 ден.

Вилата е лоцирана во Ипсос и располага со  двокреветни студија и четирикреветни двоспални апартмани (од кои два апартмани се наѓаат на приземје, четири на спрат и едно двокреветно студио во ниско приземје). Секоја соба има мини кујна опремена со основен прибор, мал фрижидер, решо, аспиратор, тоалет, тераса, клима уред и wi-fi интернет во заедничкот простор. За секој патник следуваат основните лични средства за хигиена (крпи и тоалетна хартија).
Факултативни излети:
  • Палеокастрица и Лаконес со областа Канони + Mouse Island 15 €
  • Achillion Palace со влезница 20 €
  • Организиран ручек во таверна со À la carte – индивидуален трошок

Напомена:

  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската.
  • Секој патник има обврска и задолжен е да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Опшите Услови за патување на агенцијата.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Велигден

Будва

Будва и Бокакоторски залив 1.ден (21.04.2022) СКОПЈЕ – БУДВА Состанок

Детали »
02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email