Вила “Maria Lux” се наоѓа во центарот на Ханиоти (веднаш до вила “Maria”) односно на почетокот на Плоштадот и нa oколу 150m oд плажа. Вилата е ново изградена во Октомври 2018 година. Располага со: комфортни струдија за три лица и апартмани со една спална соба за пет лица со големи тераси. Опис на собите: 1/3 студио на ниско приземје (сутерен) 1/3 студио на високо приземје и 3+2 апартмани со една спална на I и II кат. Сите се комфортни и комплетно опремени со нов мебел со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатен интернет, гардеробер, сушара, широки балкони, масичка со столчиња со поглед напред на улицата, Плоштадот. Ви посакуваме пријатен престој
EARLY BOOKING – Лето 2025
10% попуст за целосна уплата до 01.03.25
“MARIA LUX” Ханиоти |
термин | МАЈ | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||||||||||||
17 | 24 | 31 | 07 | 14 | 21 | 28 | 05 | 12 | 19 | 26 | 02 | 09 | 16 | 23 | 30 | 06 | 13 | 20 | ||
бр. ноќи | 7 |
7 | 7 | 7 |
7 |
7 |
7* | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 | 7 | 7 | 7 | |
1/3 студио (сутерен) | 115 | 135 | 165 | 195 | 225 | 255 | 470 | 500 | 540 | 580 | 580 | 580 | 580 | 580 | 530 | 265 | 245 | 215 | 165 | |
1/3 студио (I-ви кат) | 125 | 145 | 175 | 215 | 245 | 285 | 520 | 540 | 570 | 620 | 620 | 620 | 620 | 620 | 570 | 295 | 265 | 235 | 175 | |
АПТ /3+2 / (1 спална) | 145 | 165 | 195 | 235 | 275 | 315 | 590 | 660 | 730 | 770 | 770 | 770 | 770 | 770 | 740 | 325 | 285 | 245 | 205 | |
опис на ценовникот | цени по лице со превоз | цени за наем на студио и АПТ без превоз | цени по лице со превоз |
НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Во студио и апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- – Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- – Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата. Кај “Lemonis Bakery”.
- – Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- – Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
- – Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.