Хотел “Pantheon” е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич. Стилно опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/2, 1/3 – 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за коса, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ – LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен интернет во студијата, на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилски дизајниран ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТ. Студијата се на III кат. Ви посакуваме пријатен престој.
“Pantheon” Олимпик бич |
термин | МАЈ | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||||||||||||
19 | 26 | 02 | 09 | 16 | 23 | 30 | 07 | 14 | 21 | 28 | 04 | 11 | 18 | 25 | 01 | 08 | 15 | 22 | ||
бр. ноќи | 7 |
7 | 7 |
7 |
7 |
7 | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | |
1/2 студио /море/ | 80 | 105 | 130 | 150 | 160 | 200 | 380 | 420 | 440 | 440 | 440 | 440 | 440 | 210 | 170 | 160 | 140 | 110 | 90 | |
1/3 студио /назад/ | 90 | 115 | 140 | 160 | 170 | 210 | 410 | 440 | 470 | 470 | 470 | 470 | 470 | 220 | 180 | 170 | 150 | 120 | 95 | |
1/3 студио /море/ | 100 | 125 | 160 | 180 | 190 | 220 | 460 | 490 | 530 | 530 | 530 | 530 | 530 | 230 | 210 | 190 | 170 | 140 | 110 | |
1/4 студио /море/ | 110 | 145 | 170 | 190 | 200 | 230 | 490 | 540 | 590 | 590 | 590 | 590 | 590 | 240 | 230 | 210 | 190 | 160 | 120 | |
опис на ценовникот | цени по лице со превоз | цени за наем на цело студио без превоз | цени по лице со превоз |
НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Студијата со поглед море имаат директен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;
- Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
- Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од хотелот на автобуската постројка до плажата.
- Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- Доплата за туристичка такса – 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа на рецепција);
- Доплата за клима – 7€ од ден (на рецепција);
- Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
- Автобуски превоз
Скопје (паркинг пред VIP хотел наспроти саем 05:00h)
Поаѓање од Олимпик Бич: 16:00 по МК време / 17:00 по ГР време на околу 200m од хотелот.