Суто Море

Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.

Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа  и ги нуди следниве капацитети:

ВИЛА БОГОЕВИЌ располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Собите на првиот и вториот кат се со заедничко купатило, односно на две соби има еден тоалет. Овие соби немаат клима и фрижидер. ( колона 1 од табелата ). На третиот кат дел од собите имаат сопствено купатило, клима и фрижидер ( колона 2 од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.

ВИЛА   СКАУТ располага со двокреветни, трокреветни соби и четворокреветни апартмани. Секоја соба има клима, тоалет, фрижидер,тв,тераса. Користењето на клима уредот е вклучено во цената (колона 3 од табелата).

ВИЛА   СКАУТ 1 располага со стандардно опремени соби со тоалет, клима,тв, фрижидер и со тераса. Во својот сместувачки капацитет има трокреветни и четворокреветни соби. (колона  3  од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.

ВИЛА   ЕКСКЛУЗИВ  располага со двокреветни и со трокреветни соби опремени со клима (вклучена во цената), ТВ, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор. (колона 4 од табелата)

смена Период Вила Богоевиќ Вила Скаут / Скаут 1 Вила Ексклузив
цените обележани со * се за собите со заедничко купатило, без клима и фрижидер
1 2 3 4
1 14.06-23.06 155 * 170 180 200
2 23.06-02.07 165 * 190 200 210
3 02.07-11.07 185 * 200 220 240
4 11.07-20.07 195 * 210 250 270
5 20.07-29.07 195 * 210 250 270
6 29.07-07.08 195 * 210 250 270
7 07.08-16.08 195 * 210 250 270
8 16.08-25.08 185 * 220 240 250
9 25.08-03.09 165 * 190 220 230
10 03.09-12.09 155 * 170 200 220

*Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ

(9 ноќевања со појадок и вечера со вклучен превоз).

– Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот

– Второ дете до 12 год. ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра) за сместување во 1/3 соба

– Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот за сместување во ¼ соба

-Попуст за трето возрасно лице или дете над 12год – 20% попуст

– Дете до  5 год. кое не користи кревет   не плаќа(доплата за превоз 20 евра ).

* Намалување за патување со сопствен превоз – 10 евра.

* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место

Попустот важи за сместување со две возрасни лица

 

Поаѓање за Црна Гора:

Скопје (Дрво Декор) – 05.00 часот

  • Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.

 

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.   Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец
( освен седишта 1 и 2)

НАПОМЕНА

  • секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
  • сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките.
  • агенцијата не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
  • при промена на цените ( зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
  • за резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • Во случај на околности предизвикани од ковид пандемијата како затварање на граници или при позитивен пцр тест на патникот му се издава  вредносен ваучер.

 

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email