Јужна Италија-Автобус

АлберобелоНеаполАмалфиПозитано-СалерноПомпеаМатера

Цела Италија плени со својот шарм и убавина, но југот е посебен, токму затоа ние ве носиме таму. Зарем не заслужува секоја жена да патува за 8-ми Март во Италија!?
Тргнуваме со нашата пловидба низ водите на јонско море од Игуменица, ноќна пловидба и уживање во мирните морски води. Утрото се будиме во Бари, каде што ќе ни стане јасно зошто југот е посебен.

Средновековни и ренесансни села, села покрај морето, планините и езерата претставуваат најдобра и најголема разноликост на Италија. Места каде се чувствува магијата низ воздухот додека пешачите во малите историски дуќанчиња. Во Италија ќе го почувствувате гостопримството, единственоста на нивната храна, вкус и традиција. Ќе го посетиме прекрасното Алберобело, а ќе се сместиме во Наполи за кој старите римјани рекле „Vedi Napoli e poi muori“ („Види го Наполи и може да умреш“). Наполи е град со многу приказни, кои ќе имаме време да ги слушнеме и доживееме. Освен Наполи наредните денови ќе ги посетиме и Амалфи, Позитано и Помпеа, селцата каде ќе ги направите најубавите фотографии ќе ја вкусите најубавата храна и ќе се вљубите во шаренилото и духот на овие места. Пред нашиот пат назад ќе го посетиме и чудесниот град Матера, препознатлив по куќите во пештери кои се напуштени и затоа овој град е наречен “град на духови“. Заради неверојатните пејсажи на Матера овој град е локација за снимање на филмот “Страдањата на Исус“.

Овие неколку дена ќе бидат исполнети со многу воздишки, воодушевување, забава, дружба и спомени за паметење, затоа топло ви ја препорачуваме оваа програма.


Програма на патување:

07.03.2024 (Четврток) Скопје – Игуменица-Бари

Состанок на групата во 12.00 час. кај хотел Русија. Поаѓање за Игуменица, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Игуменица и качување на траект за Бари. Ноќно патување и ноќевање на траект.

 08.03.2024 (ПетокБари-Алберобело

Среќен 8-ми Март 😊. Пристигнување во Бари во утринските часови каде веднаш ќе не разбуди мирисот на море и глетката на прекрасното пристаниште. Откако ќе се симнеме од траект се упатуваме кон Алберобело, мало гратче оддалечено 70 км. од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици на култура.Овој град има посебна приказна, градот на Trulо куќи, кој е типично италијански: дизајнот на куќите е смислен за измама на власта, која на жителите им наметнувала даноци. Локалниот феудален гроф Acquaviva ги преселил своите селани-работници тука, за да ја исчистат шумата и да ја претворат во обработливо земјиште. Грофот имал идеја да создаде феудално село кое би можело брзо да се сруши и обнови, со цел да се избегне плаќањето на даноците. Било важно Alberobello да не изгледа како типично село. Во 1797 година, кога Alberobello конечно добило статус на град, луѓето морале да живеат во Труло куќите. Денес најголемиот број од овие куќички служат за сместување туристи или продажба на сувенири, но во некои од нив се уште живеат и локалните жители. Овде ќе имаме слободно време за прошетка и можност да ја доживееме оригиналноста на овој град како од бајките. Слободно време за индидивуални активности. Во предвидено време поаѓање и сместување во хотел во околината на Неапол (на 40 до 50км од Неапол).

Ноќевање.

09.03.2024 (Сабота) – Centro Commerciale La Cartiera-Помпеja (со локален водич) и Неапол

Појадок во хотел. Денот ни започнува со шопинг во трговскиот центар Centro Commerciale La Cartiera. Слободно време за шопинг. Помпеја е град од времето на античкиот Рим, кој во 79та година од нашата ера од силната ерупција на Везув бил потполно уништен, прелеан со лава, целиот град со околу 20.000 луѓе, дворци, згради, храмови, театри и термални бањи зачувани засекогаш во моментите на нивната смрт се сведок на неуморливата сила на природата. Денешната Помпеа заради овој настан ја носи титулата град музеј и е под заштита на УНЕСКО и е една од најпознатите туристички дестинации во Италија и годишно го посетуваат повеќе од два милиони жители. Во договорено време поаѓање кон Неапол и слободно време за прошетка низ Неапол каде што ќе може да ги видите градскиот плоштад, општинската зграда, замокот Castello Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesko.

Враќање во хотел. Ноќевање.

10.03.2024 (Недела) – Факултатива-Амалфи, Позитано  Салерно

Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневна посета на Позитано, Амалфи и Салерно. Се упатуваме во Позитано, рибарско место со шарени куќи сместени на карпи каде што ќе можете да направите прекрасни панорамски слики … Кратка пауза за панорамско разгледување и патот го продолжуваме кон Амалфи. Амалфи, некогашна моќна поморска сила, по кој е именуван и целиот брег. Овој град заради прекрасните пејсажи се смета за едно од најспектакуларните места во Европа. Самото возење покрај брегот го одзема здивот, додека магичните гратчиња покрај море го комплетираат впечатокот. Амалфи е под заштита на УНЕСКО заради својата исклучителна убавина. Овде ќе се прошетаме до катедралата Св. Андреја која има впечатливо скалило и украсна фасада. Ќе имаме слободно време за едно еспресо, лимончело или аперол.
Поаѓање за Салерно, слободно време за индивидуален разглед. Поаѓање за Соренто. Слободно време за индивидуален разглед на градот.…плоштадот Torquato Tasso, црквата San Antonio, villa Comunale, улицата Via Corso Italia… Враќање во хотел. Ноќевање

11.03.2024 (Понеделник) -Mатера-Бари (пристаниште)-Игуменица

Појадок. Одјава од хотел. Се упатуваме кон Матера, град сместен во јужниот дел на Италија, токму онаму каде започнува потпетицата на Италија. Се наоѓа во областа Базиликата, и од 1663 година до 1806 година бил прогласен за главен град на оваа област. Во 2019 година е прогласен за најдобра дестинација во светот и престолнина на Европската култура. Главна атракција на Матера е Саси или пештерската населба. Градот започнува да заживува дури во деведесетите години, кога Матера е вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Оттогаш градот продолжува да инвестира во своето културно наследство. Старите обновени пештери, црквите, улиците и камбанариите ќе ви го одземат здивот. Ќе се напиеме кафенце или пулиски ликер, во пештерата стара 2000 години, ќе ја посетиме надалеку познатата катедрала на Матера од 1268 година. Овој магичен град е просторот каде што времето застанало. Градот се стекнал со најразлични имиња – Поезија во камен, Урбан феномен, Библиски пејсаж, Чудо од архитектура… Ќе прошетаме покрај пештерните куќи стари 9000 години, како во временска машина која те враќа назад и те шета низ вековите. Заради уникатната, единствена архитектура во Матера се снимени над 40 филмови, Во 1964 год. Пиер Паоло Пазолини го сними “Евангелието на Мaтеј”, но најголемата популарност ја обезбеди Мел Гибсон со снимањето на својот филм “Пасија” во 2004 година.

Во попладневни часови, поаѓање кон пристаништето на Бари и качување на траект за Игуменица. Ноќевање на траект.

12.03.2024 (Вторник)-Игуменица- Скопје

Пристигнување во Игуменица, и продолжување на патот кон Македонија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 349 EВРА/ 21.640 МКД ПО ЛИЦЕ

 

 Цената на аранжманот вклучува:

– Превоз со високотуристички автобус
– Превоз со брод на релација Игуменица -Бари-Игуменица (седиште на брод)- 2 ноќевања
– 3 ноќевања со појадок во Хотел
– Посета на Алберобело
– Посета на Матера 
– Лиценциран туристички придружник

 

Цената на аранжманот не вклучува:

-Шопинг во Centro Commerciale La Cartiera, Посета на Помпеја (влезница со локален водич 20 еур според моменатлната цена, влезниците се проверуваат пред поаѓање и не е вклучена во пакетот од 35 евра) и посета на Неапол. Пакет 35 евра (се плаќа во автобус)
– Посета на Поситано, Амалфи,Салерно и Соренто- Пакет 85 евра
(се плаќа во автобус)
– Доплата по лице за седиште од типот на авион на траект 20 евра повратен билет (се плаќа во агенција)
– Доплата по лице за кабина на траект за 4 лица- 55 евра повратен билет (се плаќа во агенција)
-Доплата по лице за кабина за траект за 2 лица –105евра повратен билет  (се плаќа во агенција)
-Доплата за еднокреветна соба-4.700мкд (за 3 ноќи)
– Туристичка такса 950мкд по лице (се плаќа во агенција)

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање . Патникот при резервација ЗАДОЛЖИТЕЛНО се изјаснува за кои екскурзии
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на содржините во
програмата.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email