И С Т А Н Б У Л
Истанбул – нај космополитски град во светот, град на контрасти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата, кај вас ќе разбуди сосема поинакви чувства, ве пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие – улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.
Термин: 6 Март 2024 – 6 дена – 3 ноќи- Aвтобус
ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ
1ден / 06.03 (среда) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Поаѓање од Штип, Велес, Куманово и Скопје околу 16:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќа во агенција.
2ден / 07.03 (четврток) ИСТАНБУЛ (Капали Чаршија | Аја Софија | Облакодер Сафир | Ортаќој)
Наутро, пристигнување на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж,каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 часот. По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината. Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија. Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Облакодерот „Сафир“ е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата, а каде има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон европската и азиска стана на градот, и да уживате во храна или кафе со незаменлив поглед. Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијаод 15 минути низ најзначајните знаменитости во Истанбул. Самата кула е висока 261 метар и има 54 спрата, каде што има голем трговкси центар. Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Од една страна погледот ве води кон големата Меџидие џамија, позната како Ортакој џамија. Ортакој е срцето на Истанбул и како таков е далеку од здодевен. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски компир, којшто го полните по ваш избор, од кисели краставички, пченка, маслинки до разни сосови, и да ги направат најубавите фотографии. Како што денот заминува, во вечерните часови така енергијата на Ортакој се зголемува и почнува да се шири музика од околните кафулиња и барови. Не пропуштајте да пробате од школките кои се продаваат покрај брегот. Ноќевање.
3ден / 08.03 (петок) ИСТАНБУЛ (Балат | Галата Порт)
Појадок. По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува кон Балат и Галата Порт.
Балат. Еден од најдобро скриените скапоцени камења во Истанбул е разнобојниот кварт по име Балат. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Посета на Балат е најдобра во текот на утрото, кадешто многу често се снимаат турски серии. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, кадешто е гробот на Партенија Зографски. Направена е од елементи од леано железо и има неоготски архитектонски стил кој се издвојува од остатокот од соседството, што го прави дестинација што мора да се види.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Галата Порт. Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво. Ноќевање.
4ден / 09.03 (сабота) ИСТАНБУЛ (Крстарење по Босфор | Бејлербеи | Ускудар | Watergarden | Таксим Плоштад)
Појадок. По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:
Крстарење по Босфор, 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. Бејлербеи. Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали. Ускудар (Азиски дел). На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето, чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.
Watergarden– е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Таксим Плоштадот. Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки. Ноќевање.
5ден / 10.03 (недела) ИСТАНБУЛ – МАКЕДОНИЈА (Продавница Коска | Outlet “212”)
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи ”KOСКА“ тука можете да си земете нешто и за дома локуми,баклави,чоколадирани ф’стаци,лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја,култура,животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија.
6ден / 11.03 (понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утринските часови.
Цена на аранжманот: 119€ / 7.380мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- – Превоз со високо туристички автобус;
- – Tри ноќевања со појадок во хотел 3*;
- – Посета на Капали Чаршија;
- – Посета на шопинг центар 212 Outlet;
- – Посета на турската продавница “КОСКА”;
- – Лиценциран туристички водич;
- – Туристичка такса.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- – пакет 1: Балат и Галата Порт – 20€;
- – пакет 2: Облакодер Сафир и Ортаќој – 35€;
- – пакет 3: Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Ускудар, Watergarden, Таксим Плоштад – 70€;
- – ВИП ПАКЕТ (сите факултативи) – 120€;
- – Патничко осигурување.
Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари;
– За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет;
– Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител);
– Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни;
– Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот;
– Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете;
– Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати;
– Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци;
– Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
– Уплата исклучиво во денари.
За овој аранжман важат условите на агенцијата.