Проверете зашто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.
Малдиви е синоним за целосно уживање, идила и лежерен одмор
9 дена/ 8 ноќи
27.04 (Сабота) СКОПЈЕ –БЕЛГРАД– ДУБАИ
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел “Holliday Inn” во 04.00ч. Организиран трансфер до аеродромот во Белград со авио компанијата Fly Dubai. Полетување за Дубаи во 14.00 и слетување во 21.10ч. Организиран трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.
28.04 (Недела) ДУБАИ
Појадок.
РАЗГЛЕД НА ДУБАИ
Ќе се запознаат најпопуларните атракции на градот како што се: Burj Khalifa, Дубаи марина, Atlantis, Burj Al Arab… За време на обиколката на градот, ќе ги видите историските знаменитости на стариот Дубаи кои се испреплетуваат со модерната архитектура на 21 век. Уживање во ориенталниот дух на Дубаи на пазарот за злато и зачини.
*Времетраење околу 5 часа.
БУРЏ КАЛИФА
Највисоката градба во светот направена од човекот, каде ќе имате можност да ги искусите најбрзите лифтови во светот.
*Времетраење околу 2 часа.
Ноќевање.
29.04 (Понеделник) ДУБАИ
Појадок.
MIRACLE GARDEN – Рајска градина на среде пустина, распослана на 72.000м2 со засадени 150 милиони растенија ја прави најголемата цветна градина во светот која ќе му се допадне на секој љубител на необични скулптури, популарни расадници и шарени цвеќиња. Во градината е сместен и најголемиот авион во светот, Ербас А380 од Емирати, целосно покриен со цвеќиња.
GLOBAL VILLAGE – „Глобално село“ во кое ќе најдете многу светски метрополи и земји, како и нивните најважни атракции „во минијатура“. Овде може да се пробаат различните кујни од светот и да се купат соодветни сувенири.
*Времетраење околу 6 часа.
САФАРИ – Возење по високите дини со Вечера во пустински камп и забава. Возбудливо возење по дините со искусен возач за авантура со адреналин. Возете четирицикли преку песокот и уживајте во јавањето камили. Фотостоп за најубавите фотографии од спектакуларното зајдисонце. Направете тетоважа со Хена, опуштете се со наргиле – шиша, додека гледате претстава со стомачни и дервишки танци и вечерате во незаборавен пустински камп.
*Времетраење околу 6 часа.
Ноќевање.
30.04 (Вторник) ДУБАИ – АБУ ДАБИ – ДУБАИ
01.05 (Среда) ДУБАИ – МАЛДИВИ
Појадок. Организиран трансфер до аеродром. Авионот од Дубаи до Мале полетува во 09.20 и слетува во 14.40ч. Трансфер до хотел. Сместување. Малдивите се идеална дестинација за одмор и една од најромантичните дестинации во светот. 1.190 корални острови во средината на Индискиот Океан, групирани во двоен синџир од 26 атоли, се магично место за одмор со бели песочни плажи и богат морски свет и мали острови без гужва. Вечера. Ноќевање.
02.05 /03.05 /04.05 (Четврток, Петок, Сабота) МАЛДИВИ
Појадок. Пливање, сончање и релаксација на рајските плажи под палми во тропските води, а можете да се нурнете и во фасцинантниот подводен свет полн со разни видови риби. Ручек. Вечера. Ноќевање.
05.05 (Недела) МАЛДИВИ – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродромот во Мале и полетување во 12.25 часот. Пристигнување во Белград во 22.50 часот. Трансфер од Белград до Скопје.
Цена на аранжманот: 154.380 мкд (2490 евра)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Автобуски превоз Скопје-Белград-Скопје
Авионски превоз Белград – Дубаи – Мале и обратно со авио компанијата Fly Dubai
Аеродромски такси
Рачен багаж до 7 кг. и чекиран багаж до 30 кг.
Автобуски превоз аеродром-хотел-аеродром во Дубаи
Сместување во хотел Mena Plaza 4* на база 4 ноќевањa со појадок во Дубаи
Локален водич за реализација на излетите во Дубаи
Трансфер со брод аеродром-хотел-аеродром на Малдиви
Сместување во ресорт Villa Nautica (Paradise Island) 4*, во Beach Villa на база 4 полни пансиони на Малдиви
Сите локални такси на Малдиви
Организација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Виза за Дубаи 95 евра
Патничко – здравствено осигурување
Туристичка такса во Дубаи (се плаќа во хотелот)
Можност за доплата на All Inclusive во Малдиви 220 евра по лице за целиот престој
Факултативни излети во Дубаи:
Разглед на Дубаи 50-60 евра
Пустинско сафари 60 евра
Екскурзија до Абу Даби 90 евра
Крстарење по Дубаи марина 70 евра
Burj Khalifa 124 кат влезница 45 -50 евра
Miracle Garden 60 еврa
Летање со хелихоптер 200 евра
Музеј на иднината 50 евра
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. За останатата политика на плаќање ќе ве информираат во Агенција. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
Потребни документи за виза: скениран пасош со висока резолуција и слика во JPG формат со бела позадина со големина како за пасош.
Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 15 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на агенцијата.