Берлин

Авион  / 4 дена / 3 ноќевања

 

08 март (петок)                                               СКОПЈЕ – БЕРЛИН

Состанок  на група на аеродромот во Скопје во 12.00 часот. Авионот за Берлин на Визер полетува во 13.55 часот. Слетување во Берлин во 16.20 часот. Трансфер до хотел и сместување. Слободно време за вечера во ресторан или пивница за да се пробаат специјалитетите на берлинската кујна: свинска коленица Eisbein или колбас од свинско месо со сос и кари Currywurst и сето тоа “зачинето” со пенливо германско пиво… Ноќевање.

 

09 март (сабота)                                             БЕРЛИН

Појадок. Пешачка прошетка (факултативно) со локален водич: најголемиот плоштад во Берлин Александерплац – центар на бившиот источен дел на Берлин, ТВ кулата која со својата височина од 368 метри е на списокот на највисоки градби во Германија, Берлинската катедралата, Авенијата Унтер ден Линден, Брандербуршката Порта, Рајхстаг Крстарење по реката Шпре и можност за уживање во прекраснате глетки на градот кои се наоѓаат покрај брегот. Слободно време за ручек. Посета на „Музејскиот остров“ кој се наоѓа на островчето меѓу реката Шпре и еден нејзин разгранок а, го сочинуваат пет музеи: Стариот музеј, Новиот музеј, Старата национална галерија, музејот Пергамон и музејот Боде. Целиот комплекс од 1999 година е дел од листата на светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО. Ноќевање.

10 март (недела)                           БЕРЛИН – ПОТСДАМ

Појадок. Панорамски разглед на градот: летната палата на кралицата Софија Шарлот, зградата на германската опера, Меморијалната црква, главната шопинг улица – Курфурштендам, споменикот на божицата на победата – Златна Елса, новата железничка станица, Бранденбуршката порта, панорамата улицата Унтер ден Линден, Источната галерија со остатоците од Берлинскиот ѕид, плоштадот Потсдам, катедралата, Градското собрание, контролниот пункт Чарли… Факултативно, посета на градот Потсдам, главен град на германската покраина Брандербург, еден од најубавите мали германски градови познат по своите 12 прекрасни палати и паркови кои се на листата на УНЕСКО, создадени во времето на најзначајниот пруски крал Фридрих Велики. Разглед на градот: рускиот кварт Александровка со дрвени куќи изградени во руски рустикален стил со црквата Александар Невски, холандскиот кварт со куќи од црвени тули во холандски стил – едно од најпосетуваните места во градот, палатата  Sanssouci познатата летна резиденција на Фридрик Велики изградена во рококо стил како пандан на францускиот Версај, палатата Cecilienhof каде што е одржана Потсдамската конференциjа т.е средбата меѓу Черчил, Сталин и Труман во јули 1945 година, мостот Глинка на реката Хавел кој претставувал граница меѓу Источен и Западен Берлин за време на Студената војна и бил користен за размена на заробени шпиони поради што станал познат како Мост на шпиони, филмското студио Babelsberg кое има историско значење како најстаро големо филмско студио во светот… Ноќевање.

 

11 март (понеделник)                 БЕРЛИН – СКОПЈЕ

Појадок. Предлагаме (со метро) прошетка во бившиот западен дел на Берлин, по Булеварот Курфурштендам со најпознатата стоковна куќа KaDeWe… Трансфер до аеродромот во Берлин.  Полетување со Визер во 16.55 часот. Слетување во Скопје во 19.15 часот.

 

 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:49 /30.940 мкд

 

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Берлин-Скопје

Аеродромски такси

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

Сместување во хотел Park Inn by Radisson Berlin Alexanderplatz4* во строгиот центар на Берлин, на база 3 ноќевања со појадок

Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

Организиран панорамски разглед на градот Берлин

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

Пешачка прошетка со локален водич 20 евра

Посета на градот Потсдам 65 евра

ПАКЕТ за пешачка прошетка и посета на градот Потсдам 80 евра

Туристичка такса 930 мкд (се плаќа во Агенција )

Влезници, карти за локален превоз

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 7.500 мкд

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на агенцијата.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email