Истанбул 2 ноќи-автобус

07.03 – 2ноќи | 99 / 6.140мкд

 

ИСТАНБУЛ


Истанбул – најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие – улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

 

Термин: 8 Март 2024 – 4 дена – 2 ноќи -Автобус

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

 

1ден / 07.03 (четврток) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Поаѓање од Штип, Скопје, Велес, Неготино, Гевгелија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена. Излез на г.п.Богородица-Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2ден / 08.03 (петок) ИСТАНБУЛ (Капали Чаршија | Аја Софија | Балат | Галата Порт)
Пристигнување на групата во Истанбул во утринските часови. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Доколку собите се спремни се сместуваме, доколку не се  Chech in во хотелот е после 14:00 часот. Се упатуваме на пешачка тура со посети на:  Капали ЧаршијаСината Џамијиа, Аја Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи  се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината. Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во  оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Во попладневните часови се упатуваме на првата наша факултатива на ова патување Балат. Еден од најдобро скриените скапоцени камења во Истанбул е разнобојниот кварт по име Балат. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, кадешто е гробот на Партенија Зографски. Направена е од елементи од леано железо и има неоготски архитектонски стил кој се издвојува од остатокот од соседството, што го прави дестинација што мора да се види. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички. Потоа се упатуваме кон Галата Порт кој претставува најновото пристаниште со ексклузивен Европски иглед од 2019 кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво. Вистинска атракција се големите крузери, коишто нашите патници имаат можност да ги видат одблизу. Станува збор за модерно пристаниште во вид на трговски центар кадешто секој од Вас има можост за одличен шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање.

3ден / 09.03 (сабота) ИСТАНБУЛ (Крстарење по Босфор | Бејлербеи | Ускуар (Азиски дел) | Watergarden | Таксим)
Појадок. По појадокот се упатуваме на втората целодневна факултатива на ова патување со посети на: Крстарење по Босфор, (околу 90мин крстарење по Босфор, европска и азиска страна), незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. Се симнуваме на Азиска страна во Бејлербеј (летната Султанска палата). На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. Бејлербеи. Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали. Продолжуваме кон Ускудар (Азиски дел). На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас. Потоа се упатуваме кон  Watergarden, нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Потоа во вечерните часови се упатуваме кон Плоштадот  Таксим. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат сите главни манифестации и прослави! Покрај Таксим, поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња овде имате идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки. Овде ја завршуваме нашата целодневна факултатива. Враќање во хотел. Ноќевање.

4ден / 10.03 (недела) ИСТАНБУЛ (Фабрика Коска | 212 MegaOutlet) – МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон продавницата за слатки работи KOСКА, тука можете да ги купите најтрадиционалните турски благи локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми, турско кафе или чај и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме кон 212 Mega Outlet. Овде групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. Поаѓање кон Македонија во попладневните часови.

5ден / 11.03 (понеделник) МАКЕДОНИЈА   Пристигнување во раните утрински часови.

Цена на аранжманот:  99€ / 6.140мкд

Дете до 3 години – бесплатно | Дете од 3-12 години – 50 % од износот на аражманот | Еднокреветна соба + 25€ / 1.550мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • – превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
  • – 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул;
  • – посета на Капали Чаршија;
  • – посета на трговски центар – 212 Outlet;
  • – посета на фабриката за слатки работи Коска;
  • – лиценциран туристички придружник;
  • – организација и реализација на патувањето.

ПАКЕТ I  –  20€

– посета на Балат;
– посета на Галата Порт;

ПАКЕТ II –   70

– крстарење со брод по Босфор (90 мин дневно крстарење по Босфор со локален водич);
– посета на Бејлербеи;
– посета на Ускудар;
– посета на Таксим Плоштад;
– посета на Watergarden.

ВИП ПАКЕТ од сите факултативи – 85

– посета на Балат;
– посета на Галата Порт;
– крстарење по Босфор;
– посета на Бејлербеи Палата;
– посета на Watergarden;
– посета на Ускудар;
– посета на Таксим Плоштад;

Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
– Доплата за седиште во автобус  по избор 15€  по седиште во двата правци;
– Уплата исклучиво во денари.

За овој аранжман важат условите на агенцијата.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email