ИСТАНБУЛ 🚌

1 ден 05.12.2025 (петок)

Состанок на групата на Дрводекор во 15:00. Тргнување во 15:30. Се патува преку граничниот премин Богородица со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 06.12.2025 (сабота)

Планирано пристигнување во утринските часови. Во договореното време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура низ Аксарај преку Капали чаршија се до хиподромот каде се лоцирани Аја Софија, Сината Џамија, Јеребатан, Топ Капи и др. Слободно време за индивидуални активности.
Влез во хотел. (влез во хотелот е после 14:00ч) Слободно време.
Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. (препорака) Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 07.12.2025 (недела)

Појадок. По појадокот во договореното време се упатуваме во една од најживопсните населби со шарен шмек поради нејзините куќички и сокачиња, населбата Балат. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ една од најинстаграмџиската населба во Истанбул. Во договореноро време одиме на крстарење по Босфорот, каде одблизу ќе имаме можност да ги видиме сите оние луксузни вили, преубави населби, хотели каде се снимани најпознатите турски серии.
Потоа следи посета на Азија, што би вредело доаѓањето во Истанбул доколку не појдете да го видите и другиот континент каде што се простира овој град. Фото пауза за девојачката кула која се наоѓа во населбата Ускудар. Потоа се посетува населбата Кадикој која е центарот на Азија, тоа што е Таксим во Европа, Кадикој е во Азија. Продавнички, ресторани, кафулиња и сокачиња во кои би се заљубиле во првиот момент откако ќе пристигнете таму. Слободно време за вечера и уживање во најмонденското место во азиски Истанбул. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.

 

4 ден 08.12.2025 (понеделник)

Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон шопинг центарот Форум Истанбул. Слободно време (отприлика 3 часа) за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 09.12.2025 (вторник).

 

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 ЕУР ПО ЛИЦЕ

Редовна цена: 139 еур

 

Во цената е вклучено:

– 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Аксарај/Лалели

– Автобуски превоз

– Посета на трговскиот центар Форум

– туристички пратител за време на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

Задолжителна туристичка такса 1 еур по лице на ден (се плаќа во автобус)

– Задолжителна доплата за пешачка тура на стариот дел на Истанбул – населбатата Аксарај – 5 еур по лице и за возрасни и за деца од 5 години (се плаќа во автобус)

– Патничко осигурување

– Индивидуални трошоци

– Факултативни излети:

 

  • Топ Капи палатата – цена дополнително
  • Населбата Ортакој и Таксим – 20 еур
  • Населбата Балат и Вселенска патријаршија – 15 еур
  • Крстарење на Босфор – 20 еур
  • Посета на Азија (фото пауза Ускудар и населбата Кадикој) – 25 еур
  • Ноќно крстарење со турска традиционална забавна вечера, неограничени алкохолни пијалоци – 60 еур

 

НАПОМЕНИ:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 50 евра
  • Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот и добива 20% попуст на факултативи
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на агенцијата.

 

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email