Малта е фасцинантна островска држава со повеќе од 7.000 години историја, сместена во центарот на Медитеранот, која веднаш ќе ве плени со својата безвременска убавина.Главен град е Валета која е посебно убава, со ѕидините што го опкружуваат градот, кои се зачувани и се на списокот на UNESCO. Најчесто Малта се посетува поради културен туризам затоа што има голем број на споменици, цркви и катедрали.Една од добрите работи кога станува збор за овој остров е дека климата е извонредна и нема екстремни временски услови .Обично е умерено топло, бидејќи морскиот ветер ја спречува топлината да стане непристапна, најчесто температурите се движат околу 30 °.
ПРОГРАМА :
Термин на патување 06.март-09.март.2024
1 ДЕН: Пристигнување на аеродромот во Скопје 2часа пред полетување. Полетување во 21:25 часот кон Малта.Слетување во 23:15 часот. Организиран трансфер до избраниот хотел.Ноќевање.
2-3 ДЕН: Престој во одбраниот хотел на база ноќевање со појадок. Слободни активности по сопствен избор.Прекрасни плажи, убави градби, медитеранска храна
Можност на користење на факултативни излети.
4 ДЕН: Појадок во хотел и одјавување.Можност за панорамско разгледување на Малта.
Полетување за Скопје во 21:10.Слетување во 22:45 часот.
Вкупна цена на аранжманот : 249 ЕУР (15.400 денари)
Вклучено во цена:
– Авионски билети Скопје – Малта – Скопје
– Аеродромски такси
– Рачен багаж со димензии :40x30x20 до 10 кг
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром
– 3 ноќевања со појадок во хотел 3*
Во цената НЕ е вклучено:
– Чекиран багаж 10 кг. од 3500 денари
– Чекиран багаж 20 кг. од 4100 денари
– Патничко осигурување
– Трошоци од личен карактер
– Tуристичка такса од 100 денари и се плаќа во хотел
– Факултативна посета на Валета и Мдина – 45 евра
– Факултативна посета на Трите Града и Марсашлок 45 евра
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
– Патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 4.000 мкд
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
Плаќање во денарска противредност по курс 1еур=61,8 мкд;
Цените се променливи во зависност од терминот на патување и расположливоста со места во авионите и хотелите во момент на резервација;
Цените се по лице за сместување во двокреветна соба.