Програма:
1 ден 30.12.2025 (вторник)
Состанок на групата на Дрводекор во 15:00. Тргнување во 15:30. Се патува преку граничниот премин Богородица со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 31.12.2025 (среда)
Планирано пристигнување во утринските часови. Во договореното време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура низ Аксарај преку Капали чаршија се до хиподромот каде се лоцирани Аја Софија, Сината Џамија, Јеребатан, Топ Капи и др. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел.
Влез во хотел. (влез во хотелот е после 14:00ч) Слободно време.
Во договореното време одиме на Дочек на Нова Година на брод – Единствени кои нудиме крстарење по најповолна цена на кое имаме можност да бидеме дел од најубавиот и единствениот огномет на Босфорот. Крстарењето со посетата на Кадикој трае отприлика 4 часа каде имаме можност да го посетиме Кадикој кој се наоѓа на Азиската страна на градот, преубава чаршија опколена со ресторани, барови, пабови, продавници…. Слободно време за вечера во Кадикој, враќање на бродот за да бидеме дел од дочекот на бродот.
Враќање во хотел во договореното време. Ноќевање.
3 ден 01.01.2026 (четврток)
Појадок. По појадокот во договореното време се упатуваме на крстарење по Босфорот, каде одблизу ќе имаме можност да ги видиме сите оние луксузни вили, преубави населби, хотели каде се снимани најпознатите турски серии. 90 минутно уживање. По крстарењето одиме во посета на азиската страна на Истанбул.
По крстарењето следи посета на Азија, прво ја посетуваме џамијата на Чамлиџа која се наоѓа на ридот Чамлиџа во населбата Ускудар во Истанбул и е видлива од поголемиот дел од центарот на градот. Комплексот вклучува уметничка галерија, библиотека и конференциска сала. Оваа џамија е најголема во Турција. Упатување кон Ускудар и слободно време. Девојачката кула се наоѓа тука во оваа населба.
Откако ќе завршиме со разгледот, во договореното време се упатуваме во една од најживопсните населби со шарен шмек поради нејзините куќички и сокачиња, населбата Балат. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ една од најинстаграмџиската населба во Истанбул. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 02.01.2026 (петок)
Појадок. По појадокот можност за уживање на еден од најубавиот видиковец Пјер Лоти именувано според францускиот поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот каде ќе имате можност да го испиете утринското турско кафе направено на топол песок и пробате ѓомлезе.
Враќање во хотел. Слободно време за одмор.
Во попладневните часови планирана е посета на Ортакој и Таксим. Во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. Слободно време за сликање и прошетка. Во договореното време одиме на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден 03.01.2026 (сабота)
Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон продавница за слатки каде ќе имаме можност да купиме турски деликатеси по најниски цени. Потоа следи шопинг во трговскиот центар Форум Истанбул. Слободно време за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 04.01.2026 (недела)
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159€ ПО ЛИЦЕ
Редовна цена: 179€
Во цената е вклучено:
– 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Аксарај/Лалели
– Автобуски превоз
– Посета на продавница за слатки
– Посета на трговскиот центар Форум
– туристички пратител за време на патувањето
Во цената не е вклучено:
– Задолжителна туристичка такса 1€ по лице на ден (се плаќа во автобус)
– Задолжителна доплата за пешачка тура на стариот дел на Истанбул – населбатата Аксарај – 5€ по лице и за возрасни и за деца од 5 години (се плаќа во автобус)
– Патничко осигурување
– Индивидуални трошоци
Факултативни излети:
– Дочек на Нова Година – 60€ (превоз до пристаниште и назад, ноќно крстарење и посета на Азија)
– Топ Капи палататасо харемот разглед со водич – цена дополнително
– Пјер Лоти (превоз, локален водич и жичара во еден превец) – 15€
– Населбата Ортакој и Таксим (превоз и локален водич) – 20€
– Населбата Балат и Вселенска Патријаршија (превоз и локален водич) – 15€
– Крстарење на Босфор (превоз и локален водич) – 20€
– Посета на Азија – Чамлиџа џамијата, Ускудар (превоз и локален водич) – 25€
– Ноќно крстарење со турска традиционална забавна вечера, неограничени алкохолни пијалоци – 60€
Силвер пакет – 55€
– Крстарење по Босфор
– Балат
– Посета на Азија
Голден пакет – 75€
– Таксим и Ортакој
– Крстарење по Босфор
– Балат
– Посета на Азија
Премиум пакет – 90€
– Пјер Лоти
– Таксим и Ортакој
– Крстарење по Босфор
– Балат
– Посета на Азија
НАПОМЕНА:
– За single соба се доплаќа дополнителни 70€
– Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
– За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15€ по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
– За овој аранжман важат општите услови на патување на агенцијата.


