Термин: 30 декември 2026 | 5 дена / 4 ноќи | Авион
ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ:
1ден / 29.12 (вторник) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на Скопскиот аеродром во договорено време. Полетување за Истанбул во 11:30ч. Пристигнување во Истанбул во 14:55ч. Трансфер на групата. ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ (за група мин. 15 лица): Панорамско разгледување на градот со автобус: Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на ФК Бешикташ, Галата мостот, Египетскиот пазар…ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува традиционални кондиторски производи. Сместување во хотел и кратка пауза за одмор. Ноќевање.
2ден / 30.12 (среда) ИСТАНБУЛ
Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки. Попладне започнува магијата на Истанбул. СУЛЕЈМАНИЈА и ГАЛАТА ПОРТ. СУЛЕЈМАНИЈА џамија. Сулејмановата џамија заедно со Селимовата џамија („Селимија“) во Едрене, спаѓаат во групата на т.н. „султански џамии“ и е втората по големина џамија во Истанбул, а денеска претставува една од најпосетените туристички атракции на градот. ГАЛАТА ПОРТ Истанбул, живописно пристаниште на брегот, трговски центар и простор за живеење што го трансформираа историското пристаниште Каракој во неверојатен центар на култура, слободно време и кујна. Галатапорт е неверојатно место кое не е само трговски центар или пристаниште за крстарење, туку и простор за живеење модерни музеи, луксузни бутици и модерни кафулиња. Галатапорт е комбинација од историјата и сегашноста и служи како простор за живеење во Истанбул. Враќање во хотел. Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма. Незаборавно доживување. Ноќевање.
3ден / 31.12 (четврток) ИСТАНБУЛ
Појадок. Денот е предвиден за нови возбудливи посети. ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА. Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот на Босфор. Се посетува Резиденционалниот дел од Палатата. КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР. Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата… Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени (Тансу Чилер), Kiskulesi (Моминската кула), Султанската палата Чираган…палатите од Турските ТВ серии…ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата црква АЈА СОФИЈА, индивидуално- можност да влезете во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и да го видите Султанскиот Харем. Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Пешки продолжуваме до Капали чаршија. Слободно време. Враќање кон хотел. Дочек на Нова Година 2027 на плоштадот Таксим (индивидуално).
4ден / 01.01 (петок) ИСТАНБУЛ
Појадок. Ден предвиден за релаксиран излет. АЗИСКИ ИСТАНБУЛ. Посета на Азиската страна на Истанбул. Кадикој. Кадикој е раздвижен кварт лоциран на азиската страна на Истанбул, една од најпознатите Истанбулски населби, колоритни улички полни со дуќани за сувенири, локална вкусна храна и слатки, меани, пабови, цркви и џамии… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Ускудар. Еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар се наоѓа Моминската кула. Чамлиџа џамија доминира на брдото на кое е изграден, а е видлива речиси од сите агли на Истанбул. Овој мегапроект кој е инициран од сегашниот претседател Ердоган, е отворен во 2019 год и чинел 110 милиони Американски долари. Има капацитет за 63.000 верници и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.
5ден / 02.01 (сабота) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот, напуштање на хотелот. ПЈЕР ЛОТИ и заливот ЗЛАТЕН РОГ. Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското турско кафе направено на топол песок и пробате ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас. БАЛАТ / ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА. Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќе ТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат. Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 17:15ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 16:40ч.
Цена на аранжманот: 459€ / 28.460мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски билет Скопје-Истанбул-Скопје,
– Трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром,
– Сместување во хотел 4*, на база 4 ноќевања со појадок,
– Панорамски разглед на Истанбул со прошетка на Таксим (за група мин.15 лица),
– Кабински багаж со димензии 40*30*15 (максимум 3кг.),
– Професионален локален туристички водич (за група мин.15 лица).
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Крстарење по Босфор + Византиски/Отомански Истанбул + Капали Чаршија – 60€;
– Сулејманија + Галата Порт – 40€;
– Азиски Истанбул – 50€;
– Вечера на брод со шоу програма – 60€;
– Долма Бахче сарајот со локален водич (Резиденционален дел вклучена влезница) – 60€;
– Пјер Лоти + Патријаршија + Балат – 45€;
– Туристичка такса 8€ за целиот престој, по лице (се плаќа во агенција);
– Чекиран багаж до 12 кг – 30€ по лице (доплатата за багаж се однесува за сите патници по пријавата);
– Задолжително патничко осигурување.
– Доплата за еднокреветна соба: 3900 мкд.
Напомена:
– Плаќањето е задолжително во денари (1 еур=62 мкд).
– За влез во Р. Турција потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци.
– Цените за еднокреветна и трокреветна соба, како и за сместување со деца се достапни на барање.
– Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 5 дена пред патување.
– За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување.
– За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 25 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови на патување на агенцијата.



