ПРАГА Нова Година 2027🚌

ДРЕЗДЕН – OUTLET FREEPORT – ВИЕНА

Автобус | 5 дена – 3 ноќи / термин: 29 декември 2026

 

1ден/ 29.12 (вторник)  СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:30ч. Поаѓање на автобусот во 11:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2ден/ 30.12 (среда)  ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско и пешачко разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3ден/ 31.12 (четврток)  ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА
Појадок. Целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Ноќевање.

4ден/ 01.01 (петок)  ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА
Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка. Враќање во Прага во доцните попладневни часови. Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Прага. Враќање во хотел во доцните вечерни часови. Ноќевање.


5ден/ 02.01 (сабота) ПРАГА – OUTLET FREEPORT – ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT. По пристигнувањето  во Виена, прошетка  низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан…Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.


6ден/ 03.01 (недела) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Скопје на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во пладневните часови.

Цена на аранжманот: 279€ / 17.300мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус;
– 3 ноќевања со појадок во хотел Sport 3* во Прага (околина);
– Посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT;
– Посета на Виена и прошетка низ центарот на градот;
– Организација на аранжманот;
– Туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Разглед на Прага со локален водич – 25€;
– Факултативен излет Карлови Вари – 50€;
– Факултативна посета на Дрезден со локален водич – 50€;
– Крстарење со брод по Влтава – 25€;
– ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 140€ (Разглед на Прага со локален водич+ посета на Дрезден + Крстарење со брод по Влтава);
– Влезници за музеи и локалитети;
– Доплата за еднокреветна соба 4.650 ден;
– Доплата за избор на седиште (при резервација) – 20€;
– Патничко здравствено осигурување (задолжително);
– Туристичка такса 3€ по ноќевање.


Напомена:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
– Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
– Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место.
– За уплата, исклучиво во денарска противвредност.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на агенцијата.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email