БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА Нова Година 2027🚌

Автобус | 4 дена – 2 ноќи / термин: 30 декември 2026

1ден/ 30.12. (среда)  СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Собир на групата пред хотел Русија. Поаѓање кон Романија во 19 часот. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за освежување и царински формалности. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација на аранжманот.


2ден/ 31.12. (четврток)  БУКУРЕШТ
Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот. Парламентот. Започнуваме со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело. Плоштадот на Револуцијата. Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука ќе се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија. Calea Victoriei. Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква. Куртија Веке. Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта дочек на Новата Година на плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 01.01. (петок)  БУКУРЕШТ – ТРАНСИЛВАНИЈА
Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Посета на  замокот Бран и магичното гратче Брашов. БРАН “домот на Дракула” – Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место. Брашов – Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год. Враќање во Букурешт во вечерните часови. Ноќевање.


4ден/ 02.01. (сабота)  БУКУРЕШТ – ТЕРМАЛНИ БАЊИ
Појадок. Напуштање на хотелот и се упатуваме на факултатива во Термалните Бањи кои се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот. Дозволете си едно поинакво утро и 3 часовно целосно опуштање во Термалните Бањи. Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода. Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот. За оние кои нема да ги посетат бањите ќе имаат можност за шопинг во трговски центар. Во попладневните часови тргнување за Македонија.


5ден/ 03.01. (недела) БУКУРЕШТ – СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

Цена на аранжманот: 199€ / 12.340мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз;
– 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3*;
– Разглед на градот Букурешт со водич;
– Пратител и организација на патувањето;

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Факултативен излет „Трансилванија“: посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула (Влезницата за замокот не е вклучена. Цената за возрасни 100леи/19€ за студенти 50/9€) и посета на градот Брашов (со превоз и пратител)–50€;
– Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (50€ превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
– *Секој патник при уплата ЗАДОЛЖИТЕЛНО се изјаснува за посетата. Во случај да се изјасни дополнително, а нема слободни влезници, агенцијата не превзема одговорност.
– Доплата за еднокреветна соба 60€ за двете ноќевања;
– Патничко осигурување;
– Туристичка такса 5€ по лице се плаќа во автобус.


Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест;
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенцијата.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email