ВИЕНА Нова Година 2027🚌

Outlet Shoping Center Parndorf / Братислава

Термин: 29 декември 2026 / 5 дена – 2 ноќи | Автобус

1ден/ 29.12 (вторник)  СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14.00 часот и поаѓање за Виена. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2ден/ 30.12 (среда)
По пристигнување во Виена почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3ден/ 31.12 (четврток) DESIGNER OUTLET PARNDORF – БРАТИСЛАВА
Појадок. После појадокот можност за излет до Братислава и еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг… Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Виена. Дочек на Нова година на еден од Виенските плоштади.  Ноќевање.

4ден/ 01.01 (петок)  ВИЕНА –  МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф), попладне  можност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о  на градот). Се враќаме во центарот на Виена…слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Виена. Во вечерните  часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5ден/ 02.01 (сабота)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 239€ / 14.820мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус;
– Сместување во хотел Lenas West со 3* во Виена (околина) на база на 2НП (нокевање/појадок);
– Професионален туристички придружник за време на целото патување;
– Организација и реализација на програмата.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Туристичка такса 5€ по лице на ден (задолжително се плаќа во агенција);
– Разглед на Виена со локален водич – 25€;
– Посета на дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60€ (задолжителна резервација при уплата);
– Излет Братислава и Оutlet shoping center PARNDORF (превоз, разглед со локален водич)- 50€;
– Дунавска Кула (превоз + влезница) – 30€;
– Задолжително патничко осигурување – 250 ден;
– Доплата за еднокреветна соба – 4.500 ден;
– Доплата за избор на седиште во автобус – 20 евра.

Напомена:
– За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници;
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62мкд;
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање;
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање;
– Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди час и место на поаѓање;
– Валидност на пасош од минимум 3 месеци.
– За овој аранжман важат Општите услови на патување на агенцијата.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email