1 ден 30.12.2025 (Вторник)
Скопје – Истанбул
Состанок на групата на аеродром два часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:40 часот со број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:15 часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел.
Во 14:30 часот следува организиран разглед на градот со стручен водич – пешачка тура. Првата станица е Султан Ахмед Плоштадот и Византискиот Хиподром, каде што ќе се запознаете со историјата и културното наследство на градот.
Следува прошетка до Топ Капи Палатата – Султановиот дворец кој се наоѓа на одлична локација покрај Босфорот. Палатата е музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, вклучувајќи го мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот.
Џамијата Султан Ахмед, позната и како Сина Џамија поради своите сини, зелени и бели бои, е последната импресивна градба на Отоманската религиозна архитектура и единствена џамија со шест минариња. Потоа ќе се посети Аја Софија – изграденa во 6-от век, која била црква, џамија, музеј и повторно џамија, и Базилика Цистерна – подземна цистерна со столбови, која во времето на Византија го снабдувала Цариград со вода.
По пешачката тура следува едночасовно крстарење по Босфорот, каде што ќе можете да уживате во прекрасните пејсажи на градот од водата. Враќање во хотел и ноќевање.
2 ден 31.12.2025 (Среда)
Истанбул
Појадок. Во 08:30 часот (факултативно) следува посета на Ортакој, една од најшармантните области во Истанбул, позната по бројните кафулиња, галерии и историски објекти.
Следува посета на Ускудар, каде што може да се разгледа Кузгунџук во азискиот дел на градот – населена област со колоритни дрвени куќи, калдрма и омилено место за снимање турски серии.
Потоа се посетува ридот Чамлиџа, едно од омилените места за рекреација на локалците, со кулата од која се нуди прекрасен панорамски поглед на Босфорот.
ПРЕДЛОГ: Дочек на Нова година на отворено, на некој од плоштадите на Истанбул (индивидуално). Факултативно, можност за гала вечера во ресторанот на хотелот.
Ноќевање во хотел.
3 ден 01.01.2026 (Четврток)
Истанбул
Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности или одмор после новогодишната ноќ.
Предлог за активности: посета на познати трговски центри како Форум, со можност за разглед на Аквариумот; шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници; посета на трговскиот центар Sapphire, сместен во највисоката зграда во Европа (236 m), со прекрасна панорамска глетка на Истанбул и виртуелна прошетка низ градот со хеликоптер во 4D кино.
Следува посета на Каракој – место со многу улички и кафетерии, вклучувајќи ја и познатата улица на чадорите, каде што можете да уживате во локалната атмосфера.
Факултативно, се организира турска вечер на брод – ноќно крстарење по Босфорот со организиран трансфер до брод, вклучена вечера, пијалак и забава со ориентални танци.
Враќање во хотел и ноќевање.
4 ден 02.01.2026 (Петок)
Истанбул – Скопје
Појадок и одјавување од хотел.
Во 09:00 часот (факултативно) следува прошетка и посета на Балат и Пјер Лоти, една од најстарите и најспектакуларните области во Истанбул, препознатлива по историските градби и калдрмата.
Следува посета и влез на Цариградската Патријаршија, позната и како Вселенска Патријаршија, една од 14-те автокефални православни цркви.
Потоа се посетува Галата Кула – средновековна кула сместена во населбата Галата во близина на Златниот Рог. По разгледот следува слободно време за ручек.
Организиран трансфер до аеродром во 16:00 часот. Полетување за Скопје во 20:15 часот со број на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:45 часот.
Цена на аранжманот: 459€ (28.460мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено:
Авио билет Скопје – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж
Организиран трансфер: аеродром – хотел – аеродром
3 ноќевања со појадок во хотел Grand Washington 4* во срцето на градот
Организиран разглед – пешачка тура со стручен водич
Организација и пратител на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Посета на Ускудар, Кузгунџук и Чамлиџа – 50 €, со трансфер и водич
Вечера на брод – 65 € по лице, со вклучен трансфер, вечера и пијалоци на бродот
Посета на Цариградската Патријаршија, Балат, Пјер Лоти, Галата кула – 50 € со трансфер и водич
Новогодишна гала вечера во хотелот – 100 € (вкучена храна, забава и пијалаци, пријавување при резервација)
Патничко и здравствено осигурување
Напомена:
Плаќањето е задолжително во денари (1 € = 62 ден)
За влез во Р. Турција потребен е валиден биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
Пријавувањето и уплатата за факултативите се врши во агенција, најкасно 15 дена пред тргнување
Краен рок за пријавување 15.12.2025. Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
Разгледите зависат од договор и временски услови на лице место и можеби нема да се одвиваат според горенаведен редослед.
За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 15 патници
За овој аранжман важат општите услови на патување на агенцијата