Мадрид за Велигден✈

ПЛАН И ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
1 ден (10.04.2026) СКОПЈЕ – МАДРИД
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:05 часот. Полетување кон Мадрид во 16:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во 20:00 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден (11.04.2026) МАДРИД (ХАБСБУРШКИ МАДРИД)
Појадок. После појадокот имаме можност за организирана пешачка тура што вклучува она што се нарекува Хабсбуршки Мадрид, бидејќи вклучува обиколка низ дел од градот што е создаден во 16-ти и 17-ти век, иако ќе видиме и места што се создадени подоцна. Тргнувањето е од Пуерта дел Сол (каде традиционално се дочекува Новата година), потоа Плаза Мајор (каде што се одржале првите „официјални“ борби со бикови во Мадрид и многу други настани), пазарот „Mercado de San Miguel“, најстариот ресторан во градот „Ботин“, улицата Мајор (каде што се случил првиот масовен атентат во историјата на Шпанија). Потоа се спуштаме до катедралата Алмудена (и во зависност од тоа дали има миса или не, влегуваме), Кралската палата (најголемата палата во Западна Европа), споменикот на Филип IV и Кралската опера. По завршување на пешачкиот разглед следува време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден (12.04.2026) МАДРИД – ТОЛЕДО
Појадок. За денешниот ден преднвидена е факултативна посета на Толедо, регион познат по своите жолти пченични полиња, осамени замоци, ветерници и родното место на Дон Кихот. По едночасовно возење, пристигнуваме во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја, изграден на рид. Панорама од гледна точка на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ стариот град, карактеризиран со бројни згради кои се меѓу најубавите примери на мавританска и средновековна архитектура во Шпанија, но и град познат по производството на марципан. Обиколка на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV век, обиколка на олтарот и ризницата каде што се наоѓаат платната и апостолатите на Ел Греко. Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање.
4 ден (13.04.2026) МАДРИД – СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности како посета на трговската улица Gran Via или главниот парк на градот, Ретиро, каде се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII и две прекрасни палати, Palacio de Velasquez и Palacio de Cristal (Кристална палата)…. Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром. Полетување во 21:25ч. Пристигнување во Скопје во 00:50ч.
Редовна цена: 599 евра
Што е вклучено во цената:– Директен лет на релација Скопје – Мадрид – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
– Аеродромски такси
– Мала кабинска торба од 8 кг. (40 x 30 x 20 cm);
– Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
– Сместување во хотел 3*, 3 ноќевања со појадок;
– Организирани прошетки според програматa;
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Факултативни излети:– Пешачки разглед со локален водич 35 €
– Посета на Толедо со трансфер и водич 85 €
– Фламенко шоу со пијалок 55 €

*Задолжително минимум една екскурзија – пријавување во агенција.

ВАЖНО / НАПОМЕНИ
– Туристичка такса 5 € по лице на ноќ – се плаќа во агенција;
– Доплата за еднокреветна соба 200 €;
– Патничко осигурување и билети за метро не се вклучени;
– Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ;
– Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот;
– Цените се во евра, уплата во денари (1 евро = 62 денари);
– За реализација на аранжманот потребни се минимум 20 патника;
– Пасош: минимум 90 дена важност по завршувањето на аранжманот;
– Организаторот го задржува правото да ја промени цената во случај на промена на цената на превозот;
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата;
– За оваа програма важат општите услови за патување на агенцијата.
– Откажување е можно најдоцна 5 дена пред почетокот при недоволен број патници.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email