МАЛТА
Термин на патување: 10 април – 13 април (3 ноќи / 4 дена)
Малта е одлично место за посета на море, сонце, култура, атракции и сите годишни настани, прекрасна дестинација со тиркизно море, добри плажи, богато културно наследство, архитектура која воодушевува, голем избор на различни ресторани и локали за динамичен ноќен провод.
Една од добрите работи кога станува збор за овој остров е дека климата е извонредна и нема екстремни временски услови .Обично е умерено топло, бидејќи морскиот ветер ја спречува топлината да стане непристапна, најчесто температурите се движат околу 30 °.
Програма:
1 ДЕН: Пристигнување на аеродромот во Скопје 2,5 часа пред полетување. Полетување во 20:50 часот кон Малта. Слетување во 22:35 часот. Организиран трансфер до хотел. Ноќевање.
2-3 ДЕН: Престој во хотел со 3* на база ноќевање со појадок. Слободни активности по сопствен избор.
Можност на користење на факултативни излети.
4 ДЕН: Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за кафе и ручек пред организиран трансфер до аеродром .Полетување за Скопје во 23:10. Слетување во 00:55 часот.
Вкупна цена на аранжманот: 349 EУР (21.600 ден)
Вклучено во цена:
– Авионски билети Скопје – Малта – Скопје
– Рачен багаж со димензии :40x30x20 до 10 кг
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром
– 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
Во цената НЕ е вклучено:
– Патничко осигурување
– Трошоци од личен карактер
Напомена:
-Плаќање во денарска противредност по курс 1еур=61,8 мкд;
-Цените се променливи во зависност од терминот на патување и расположливоста со места во авионите и хотелите во момент на резервација;