Малта
3 ноќевања/авион
Малта е одлично место за посета на море, сонце, култура, атракции и сите годишни настани, прекрасна дестинација со тиркизно море, добри плажи, богато културно наследство, архитектура која воодушевува, голем избор на различни ресторани и локали за динамичен ноќен провод.
Една од добрите работи кога станува збор за овој остров е дека климата е извонредна и нема екстремни временски услови .Обично е умерено топло, бидејќи морскиот ветер ја спречува топлината да стане непристапна, најчесто температурите се движат околу 30 °.
Програма:
1 ДЕН: Пристигнување на аеродромот во Скопје 2,5 часа пред полетување. Полетување во 20:50 часот кон Малта. Слетување во 22:35 часот. Организиран трансфер до хотел. Ноќевање.
2-3 ДЕН: Престој во хотел на база ноќевање со појадок. Слободни активности по сопствен избор.
Можност на користење на факултативни излети.
4 ДЕН: Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за кафе и ручек пред организиран трансфер до аеродром .Полетување за Скопје во 23:10. Слетување во 00:55 часот.
Вкупна цена на аранжманот: 295 EУР (18.250 ден)
Вклучено во цена:
– Авионски билети Скопје – Малта – Скопје
– Рачен багаж со димензии :40x30x20 до 10 кг
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром
– 3 ноќевања со појадок во хотел
Во цената НЕ е вклучено:
– Патничко осигурување
– Трошоци од личен карактер
Напомена:
– Плаќање во денарска противредност по курс 1еур=61,8 мкд;
– Цените се променливи во зависност од терминот на патување и расположливоста со места во авионите и хотелите во момент на резервација;
Најпознати знаменитости:
–Богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети
-Големиот Залив и на Трите Града:„Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea“.
-Мдина центарот на островот стар средновековен град каде што се наоѓа црквата Моста, со една од најголемите куполи во светот.
–Фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што има можност да се види специфичната техника на изработка на дувано стакло
-Кулата Св.Агата
-Светилиштето на Пресвета Богородица на Мелиха
–Валета Сити Порта
-Пресвета Богородица на Тај Пину
-Парохиска црква Марсакклок (Марсакклок)