Тиркизното сино море, прекрасните плажи, подводниот свет и луксузните хотели ја прават оваа дестинација еден вистински магнет за туристи. Со само 2 метри надморска височина, Малдивите претставуваат најниска земја во светот. Плитката вода на лагуните околу островите служи како природен аквариум и ги штити туристите од океанските бранови и струи. Температурата на водата и воздухот се околу 28 ° С во текот на целата година.
ОСУМ ДНЕВЕН ПАКЕТ АРАНЖМАН | EUR |
Villa Park Sun ISland 4*, Ari-Atoll 7 полнпансиони | од 1970 |
Angaga Resort & Spa 4*, Ari-Atoll 7 полупансиони | од 1998 |
Royal Island Resort & Spa 4,5*, Baa Atoll 7 полнпансиони | од 2215 |
Sheraton Maldives Full Moon Resort & Spa 5*, North Male Atoll 7 полупансиони | од 2670 |
…И МНОГУ ДРУГИ ХОТЕЛИ… |
ПАТУВАЊА ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА ГОДИНА |
Цената на пакет аранжманот вклучува:
- Авионски превоз Скопје-Истанбул-Мале-Истанбул-Скопје;
- Трансфер аеродром-хотел-аеродром; и
- Престој во хотел по избор.
Напомена:
- Плаќање во денарска противвредност;
- Цените се променливи во зависност од терминот на патување;
- Цените се по лице за сместување во двокреветна соба.
Факултативни излети:
- Најдобриот начин да се доживее културата на Малдивите е да се посети било кој од населените острови. Уживајте во традиционалните танци кои ја раскажуваат нивната историја низ вековите.
- Додека сте во место кое е повеќе вода отколку копно, неизбежно е да се искусат некои спортови на вода.
- Поради прекрасните корални пејсажи, Малдивите се сметаат за една од најдобрите дестинации за нуркање. Температурата и проѕирноста на водата се совршени за ваквата активност.