Вилата “DIAS” се наоѓа во Неи Пори на 50m од плажа. Располага со трокреветни судија, четирикреветни мезонети-апартмани и петтокреветни апартмани, сите опремени со кујна, купатило во wc, ТВ, клима уред, балкони со директен или страничен поглед на море и апартмани со поглед на двор. Сите соби имаат ТВ, клима уред која се доплаќа 6€ од ноќ.
Цените на термините (16.05; 23.05; 30.05; 06.06;05.09;12.09 и 19.09.2026)
означени со ѕвездичка * Во табелата се пакет аранжмани и се дадени по лице за 7 ноќи со вклучен автобуски превоз.
Останатите цени за дадените смени се однесуваат за наем на студио или апартман за 7 ноќи.
Клима се доплаќа 6 €,WI-FI е бесплатно,
Паркинг слободен на принцип прво слободно место.

-За пакет аранжманот во Студио или Апартман-Мезонета потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто,петто,шесто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50 € за возрасни – повратна карта
35€ за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
20 € за прв ред на седиште
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
Напомени:
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во Апартманите и Дуплексите, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во агенција 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
Студијата и апартманите:
Немаат крпи, имаат сапун и тоалетна.
Тргнување од Скопје во 04:00 часот наутро од Спортската сала “Борис Трајковски”.