Вила “VANGELIS” – Лептокариjа

Вила “VANGELIS” се наоѓа на 150m од плажа, веднаш до хотел “Eleni” под главиот пат и пругата во центар на Лептокарија. Располага со двокреветни и трокреветни студија, апартман со една спална за 5 лица и дуплекс апартман со две одделни спални соби за 5 лица. Во двокреветните студија има 2 единечни легла и се наоѓаат на високо приземје и први кат, во трокреветните има еден брачен и еден единечен кревет на први кат, во апартманот со една спална има еден брачен во спалната, и еден брачен и еден единечен во кујната. Овој апартман се наоѓа на високо приземје, додека во дуплекс апартманот со две одделни спални соби има три единечни во едната спална и две единечни во другата спална и дневна со кујна. Сите студија/апартмани се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, огледало, туш, балкон (масичка со столчиња), клима, ТV, гардеробер. На располагање на гостите е бесплатен интернет и прекрасно уредени двор со парк кој ги воодушевува сите кои случајно или намерно минуваат покрај вилата.

“VANGELIS”
Лептокарија
термин МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
20 27 03 10 17 24 01 08 15 22 29 05 12 19 26 02 09 16 23
бр. ноќи 7
7 7
7
7
7
7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 7 7 7
1/2 студио
85 95 115 135 155 175 325 345 385 385 385 385 385 345 325 195 165 135 105
1/3 студио 95 105 125 145 175 195 345 385 425 425 425 425 425 385 345 215 185 145 115
АПТ /3+2/ (со 1спална) 105 125 145 175 205 235 445 495 545 545 545 545 545 495 455 245 215 165 135
Дуплекс АПТ /3+2/ 65  75 85 105 125 145 505 565 635 635 635 635 635 575 535 165 135 105 75
опис по лице со превоз  цени за наем без превоз по лице со превоз

10%  попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.02.26)
7%  попуст за резервации  до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.03.26)

НАПОМЕНА
–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
–  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
–  Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во Студио и 3-то, 4-то и 5-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
–  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
–  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
–  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
–  Превоз од: Скопје
–  Автобусот ги остава/зема патниците на 10m од вилата.
–  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО
–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат општите услови за патување на агенцијата


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
–  Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
–  Доплата за клима – 6€ од ден (студио),  8€ од ден (апартман) – на лице место;
–  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
–  Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.

Тргнување од Скопје пред хотел Континентал во 05:00

 

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email