Вилата Филоксенија е нова и солидно опремена вила, на оддалеченост од само 200 метри од море. Располага со двокреветни,трокреветни, четирикреветни и петтокреветни студија и апартмани. Сите соби се опремени со кујни,купатило со ВЦ, Тв, клима уред и големи тераси. Во дворот има скара која е достапна за туристите. Вилата има паркинг за 2 возила и функционира на принципот прво слободно место.
Цените на термините (15.05; 22.05; 29.05; 05.06; 04.09; 11.09 и 18.09.2026)
означени со ѕвездичка * во табелата се пакет аранжмани и се дадени по лице за 7 ноќи со вклучен автобуски превоз.
Останатите цени за дадените смени се однесуваат за наем на студио или апартман за 7 ноќи.
Користење на: Клима уред се доплаќа 6€ од ноќ од студио или апартман
Користење на: Паркинг (2 места на принцип прво слободно место), WI-FI – е бесплатно

-За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто или петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
Доплата за превоз:
50 € за возрасни – повратна карта
35€ за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
20 € за прв ред на седиште
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
Напомени:
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден.);
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во агенција 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
Студијата и апартманите:
Немаат крпи, сапун
Имаат тоалетна хартија
Тргнување од Скопје во 04:00 часот наутро од Спортска сала “Борис Трајковски”