Вила ХРИСТИНА лоцирана во мирен дел на Ханиоти,идеална за фамилии со мали деца каде спокојот несомнено ќе го најдете овде. Од плажа е одалечена на само 100 метри ,а од центарот- плоштатчето на Ханиоти е на само 600 метри. Вилата располага со четворокреветни апартмани и студија. Истата е изградена во два блока А блок и Б блок. Апартманите со кои располагаме се наоѓаат во А блок на први и втори кат. Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима,а дел имаат поглед на море и градина од балкон. Студијата се наоѓаат во Б блок распоредени на приземје,први и втори кат и се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима, балкон. Во дворот на вилата има скара достапна за користење на гостите во зависност од препораките за заштита од пожари од страна на локалните власти.
Цените на термините(17.05;24.05;31.05;07.06;06.09;13.09 и 20.09.2026)
Означени со ѕвездичка * во табелата се пакет аранжмани и се дадени по лице за 7 ноќи со вклучен превоз
Останатите цени за дадените смени се однесуваат за наем на апартман/студио за 7 ноќи
Користење на клима уредот и WI-FI е бесплатно

Паркирањето вообичаено е на улицата покрај вилата на принцип прво слободно место.
-За пакет аранжман во Студио / Апартман потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50 € за возрасни – повратна карта;
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *
Напомени:
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во Апартманите и Студијата, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во агенција 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета)
АПАРТМАНИТЕ:
Имаат крпи за лице и крпик за тело;
Имаат тоалетна хартија и сапун
Чистење 2 пати за престој од 7 дена
Промена на постелнина 2 пати (еднаш на доаѓање и еднаш додека трае одморот)
Тргнување од Скопје во 04:00 часот наутро од Спортска сала “Борис Трајковски”