КИПАР

Кипар

06.декември – 09.декември

Кипар  е остров во Средоземното Море, четвртиот по големина по Сицилија, Сардинија и Корзика. Често се опишува како остров на љубовта  или остров на Афродита. Ларнака е еден од најстарите и најубави градови на Кипар, сместен на јужниот брег на островот. Познат е по својата долга историја, прекрасните плажи и пријателската атмосфера. Градот претставува комбинација на старо и ново – древни археолошки локалитети стојат рамо до рамо со современи градби и туристички зони. Еден од најпознатите симболи на Ларнака е црквата Свети Лазар, изградена во 9. век, која е значаен пример на византиската архитектура, како и соленото езеро на Ларнака – природна атракција која привлекува илјадници розови фламинга секоја зима.

 

ПРОГРАМА :

Термин на патување:  06.декември – 09.декември 

 

1 ДЕН (06 декември) Пристигнување на аеродромот во Скопје 2 часа пред полетување. Полетување во 07:50 часот кон Ларнака.Слетување во 11:00 часот. Организиран трансфер до избраниот хотел.Ноќевање.

 

2-3 ДЕН: Престој во одбраниот хотел на база ноќевање со појадок. Слободни активности по сопствен избор.Прекрасни плажи, убави градби, медитеранска храна. Можност на користење на факултативни излети.

 

4 ДЕН ( 09 декември) Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за кафе и ручек пред организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 18:15. Слетување во 19:40 часот.

 

Вкупна цена на аранжманот изнесува 265 ЕУР или 16380 денари.

 Во цената на аранжманот е вклучено:

–         Авионски билети Скопје – Ларнака – Скопје

–          Аеродромски такси

–          Рачен багаж со димензии :40x30x20 до 10 кг

–          Трансфер аеродром – хотел – аеродром

–          3 ноќевања со појадок во хотел  3*

Во цената на аранжманот не е вклучено:

–         Чекиран багаж  20 кг. од 4000 денари

–          Патничко осигурување

–          Трошоци од личен карактер

Напомена:

  • Плаќање во денарска противредност по курс 1еур=61.8 мкд;
  • Цените се променливи во зависност од терминот на патување и расположливоста со места во авионите и хотелите во момент на резервација;
  • Цените се по лице за сместување во двокреветна соба.

Најпознати знаменитости:

Црква Свети Лазар

Црквата на Свети Лазар (Church of Saint Lazarus) е најпознатата градба во Ларнака и еден од најзначајните византиски споменици на Кипар. Изградена е на гробот на Свети Лазар во 9 век. Неговиот гроб е пронајден во 890 година, а на истиот било напишано: “Лазар, Пријател на Христос”.

Солено Езеро

Познатото Солено Езеро (Salt Lake, локално познато како “Aliki”) се наоѓа во непосредна близина од меѓународниот аеродром во Ларнака. Второ е по големина од овој тип на Кипар. Во текот на летото езерото е исушено со траги од сол, додека пак во зима се полни со вода и станува место на кое се собираат илјадници розеви фламингоси и повеќе од 85 видови на водни птици (од ноември до март).

 

Шеталиштето Финикудес

Ова е најпознатиот дел од градот и омилен меѓу туристите. Шеталиштето Финикудес (Finikoudes) започнува кај пристаништето, а се завршува со средновековната тврдина.  Финикудес е идеално место како за дневни прошетки, така и за вечерни забави.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email