Прага 11.12✈︎

П Р А Г А

со посета на Дрезден

Авион  / 4 дена / 3 ноќевања

11 декември (петок) СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:15 часот. Полетување за Прага со авиокомпанијата Wizz Air во 12:25 и слетување во 14:30 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот и сместување. Вечерна прошетка во центарот на Прага со нашиот водич. Посета на прочуените божиќни базари. Стариот градски плоштад во овој период се претвора во вистинска зимска бајка, украсена со раскошна елка и илјадници празнични светилки. Ќе може да се прошета меѓу шарените дрвени куќички, да се ужива во мирисот на варено вино и традиционалните чешки специјалитети и да се изберат уникатни рачно изработени сувенири. Ноќевање.

 

12 декември (сабота) ДРЕЗДЕН

Појадок. Факултативно, целодневен излет во Дрезден, град кој поради своето културно значење и величествените барокни градби го нарекуваат „Германска Фиренца“. Препознатливата саксонска архитектура и богатството од прекрасни зданија сведочат за славното минато на некогашното Кралство Саксонија. Разглед на стариот дел од градот: дворскиот комплекс Цвингер, дом на значајни музеи и богати уметнички колекции, прекрасната барокна Богородична црква Фрауенкирхе, Кралската палата, во која се наоѓа познатиот музеј „Зелен трезор“, Августовиот мост и други знаменитости. Посета на познатиот Штрицелмаркт, еден од најстарите и најпознатите божиќни маркети во Германија, каде што многубројните празнично украсени штандови, традиционалните ракотворби, мирисот на божиќни колачи и топло варено вино, надополнети со раскошна илуминација и празнична музика, создаваат волшебна атмосфера во срцето на Дрезден. Враќање во Прага. Ноќевање.

 

13 декември (недела) ПРАГА

Појадок. Организирано разгледување на Прага во придружба на локален туристички водич. Ќе се видат Храдчани – еден од најголемите дворски комплекси во светот и резиденција на чешките владетели, Прашкиот замок, Катедралата Св. Вида, Златна улица, Карловиот мост, Мала Страна, Еврејскиот кварт, Стариот градски плоштад, астрономскиот часовник и плоштадот Вацлав. Карловиот мост е најстариот и најпознат мост во Прага и едно од главните обележја на градот. Тој го поврзува Стариот град со Мала Страна, сместена на спротивниот брег на реката Влтава.  Факултативно, крстарење по реката Влтава. За време на крстарењето ќе може да се ужива во погледот кон најпознатите градби, мостови и споменици на „Златниот град“. Можност повторно да почувствува празничната атмосфера на Прага и да се ужива во погледот кон осветлените градски улици и знаменитости. Ноќевање.

 

14 декември (понеделник) ПРАГА – СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време следува организиран трансфер до аеродромот во Прага. Полетување за Скопје во 15:05 часот.

 

Попуст за ранa уплатa до 31.10: 399 €  / 24.740 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 449 €  / 27.840 мкд

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје – Прага – Скопје;
– Организиран трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром;
– Сместување во хотел Olympik Congress 4* во Прага, на база три ноќевања со појадок;
– Рачен багаж – една торба до 10 kg, со димензии 40 × 30 × 20 cm;
– Организиран разглед на Прага со локален туристички водич;
– Организација на аранжманот и придружник за време на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
– Туристичка такса, која се плаќа на рецепцијата во хотелот;
– Факултативна целодневна посета на Дрезден и разглед со локален водич– 80 евра;
– Факултативно крстарење по реката Влтава – од 20 до 25 евра;
– Влезници за туристичките локалитети;
– Билети за локален јавен превоз;
– Патничко-здравствено осигурување;
– Доплата за еднокреветна соба – 6.700 денари.

 

Напомена:
– Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
– За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
– Усни и телефонски резервации се невалидни.
– Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.
– При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
– Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
– Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
– За овој аранжман важат општите услови за патување на агенцијата

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email