Програма на патување:
05.12.2026 (САБОТА) СКОПЈЕ/БОГУТОВАЧКА БАЊА
Поаѓање Скопје во 05:00 ч со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку Граничен премин Табановце. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
06.12.2026 (НЕДЕЛА) БОГУТОВАЧКА БАЊА-МАНАСТИР ЖИЧА
Појадок. Организирана посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.
07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) БОГУТОВАЧКА БАЊА-КРАЉЕВО
Појадок. По појадокот мoжност за факултативна посета на градот Краљево, градот со богата историја и култура. Разглед на градот (Трг српских ратника, господар Васин Конак, Аџиќа куќа, Музеј на градот Краљево, Соборна Црка Света Тројица, …) Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договорено време враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
08.12.2026 (ВТОРНИК) БОГУТОВАЧКА БАЊА-СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување.. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 205 €
Превоз | Полнпансион | Базен /Парна Бања/Типидариум | Лековита Минерална Вода
Цената вклучува:
– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во хотел Минерал 3*, 3 ноќевања (полн пансион-појадок, ручек и вечера)
– Сместување во двокреветни соби
– Посета на Манастирот Жича
– Туристички придружник за време на целото патување
– Организација на патувањето
Цената не вклучува:
– Факултативна посета на градот Краљево -10€(доплата на лице место)
– Патничко и здравствено осигурување
Важни напомени:
– Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99 години, детето плаќа 100% од цената.
– За single соба се доплаќа 45 евра
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници. Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето 7 дена пред поаѓање согласно Општите услови за патување.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а целосната доплата се врши најдоцна 14 дена пред поаѓањето.
– Патниците се должни за време на патувањето да ги почитуваат упатствата на туристичкиот придружник