Букурешт и Трансилванија за 8-ми Декември

План и програма

05.12.2026 | САБОТА
СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ

Собир на групата кај Хотел Русија. Поаѓање во период од 18:00 до 19:00 часот. Следува ноќно патување преку Бугарија, со попатни паузи, гранични и царински формалности. Ноќно возење.


06.12.2026 | НЕДЕЛА
БУКУРЕШТ

Пристигнување во Букурешт во утринските часови. Разглед на Букурешт. Следува организиран разглед на градот со локален водич.

Палатата на Парламентот
Разгледот започнува со просторот околу Палатата на Парламентот, позната и како Палата на народот. Слободно време за фотографирање.

Плоштадот на Револуцијата
Продолжуваме кон Плоштадот на Револуцијата, познат по важни историски моменти.

Во овој дел се наоѓаат:
– Кралската палата
– Романскиот Атениум
– Националниот музеј на уметност
– Црквата Кречулеску

Calea Victoriei

Следува прошетка низ една од најпознатите и најстарите улици во Букурешт – Calea Victoriei, односно Авенијата на победата.

Lipscani – Стариот град
Продолжуваме кон Lipscani, стариот град, кој плени со својот шарм. Тука се наоѓаат продавници за антиквитети, уметнички галерии, историски објекти и една од најстарите цркви во Букурешт. Липскани со векови бил еден од најважните трговски центри на градот, а денес претставува едно од најживописните места во Букурешт. По разгледот следува поаѓање кон хотелот. Ноќевање.


07.12.2026 | ПОНЕДЕЛНИК
ТРАНСИЛВАНИЈА – ПЕЛЕШ – БРАН – БРАШОВ

Појадок во хотел. По појадокот можност за целодневен факултативен излет во Трансилванија.

Замок Пелеш
Посета на прекрасниот дворец Пелеш, сместен во близина на гратчето Синаја. Дворецот е изграден во XIX век во нео-ренесансен стил и служел како летна резиденција на романскиот крал Карол I. Официјално е отворен во 1883 година, а неговата внатрешност е раскошно украсена со мурали, таписерии, мермер, порцелан и резби во дрво.

Бран – „Домот на Дракула“
Следува посета на замокот Бран, поврзан со легендата за Дракула и романот на Брам Стокер. Замокот историски бил користен за одбрана и контрола на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Влашка. Денес е музеј посветен на историјата, легендите и мистичната атмосфера на овој регион.

Брашов
Продолжуваме кон Брашов, еден од најпознатите градови во централна Романија, опкружен со јужните Карпати. Стариот град е еден од најдобро зачуваните во регионот и претставува интересна мешавина од германски, австриски, унгарски и романски влијанија.

Во центарот се издвојуваат:
– Casa Sfatului
– Централниот плоштад
– Hirscher House
– Црната црква

Во договорено време враќање во Букурешт. Ноќевање.


08.12.2026 | ВТОРНИК
БУКУРЕШТ – ТЕРМАЛНИ БАЊИ – МАКЕДОНИЈА

Појадок во хотел и одјавување.

Термални бањи
Околу 10:00 часот можност за факултативна посета на термалните бањи во Букурешт. Комплексот се наоѓа во северниот дел на Букурешт, на околу 30 km од центарот на градот.

Комплексот располага со:
– 9 базени со термална вода
– 6 сауни
– 4 парни бањи
– 16 водени лизгалки

Во рамките на комплексот се наоѓа и голема ботаничка градина со голем број егзотични растенија и палми. За патниците кои нема да ја користат оваа факултативна посета е предвидено слободно време во трговскиот центар. Поаѓање кон Македонија околу 15:00 часот. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови следниот ден.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 149 €

 

Во цената е вклучено:
– Автобуски превоз
– Патување на релација Македонија – Букурешт – Македонија
– Организација на превозот
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3★ во Букурешт
– Разглед на Букурешт со локален водич
– Туристички придружник
– Организација и реализација на аранжманот

Во цената не е вклучено:
– Факултативна посета на Трансилванија – 85 € за возрасни
– Трансилванија – 40 € за деца до 11,99 години
– Факултативна посета на Термалните бањи – 45 €
– Туристичка такса – 5 € по лице – се плаќа во автобус
– Доплата за еднокреветна соба – 60 €

Факултативни излети

1.Транцилванија – 85 €
Цена за возрасни
За деца до 11,99 години: 40 €.

Во програмата се вклучени:
– замокот Пелеш
– Бран
– Замокот на Дракула
– Брашов
Влезницата за замокот Пелеш е вклучена.
Влезницата за замокот Бран не е вклучена.

2.Термални Бањи – 45 €
Во цената се вклучени:
– организиран превоз
– влезница
– користење на комплексот 3 часа
Можност за релаксација во базени, сауни, парни бањи и останатите содржини на комплексот.

 

ЗА ФАКУЛТАТИВНИОТ ИЗЛЕТ ТРАНСИЛВАНИЈА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА УПЛАТА НА ДЕПОЗИТ ОД 15 € ВО КАНЦЕЛАРИЈА.
Депозитот се уплаќа поради навремено резервирање на потребниот број влезници.

 

Хотел
– Сместувањето е во Hotel Ambiance 3*

Начин на плаќање:
– За резервација 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
– Целосна уплата најдоцна 7 дена пред поаѓање.

Патни документи:
Потребни се важечки патни документи со важност од минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

Важно:
– За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 пријавени патници.
– Доплата за еднокреветна соба – 60 €.
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
– Комплетната доплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање.
– Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс: 1 € = 62 денари.
–
Патните документи треба да имаат важност од минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
– Агенцијата го задржува правото преку Ultra First или Last Minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени различни од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
– Лицата кои го уплатиле аранжманот по претходно објавената цена немаат право на надомест на средства за евентуалната разлика во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот или сместувачкиот објект во случај на технички причини или overbooking.
– Во таков случај, организаторот ќе го смести патникот, согласно моменталните можности, во објект од иста или повисока категорија без дополнителен надомест.
– Реализацијата на факултативните излети зависи од временските услови.
– Во случај на неповолни временски услови, организаторот го задржува правото да ги откаже излетите, при што за истите следува рефундација.
– Деца до 11,99 години, доколку се придружувани со 2 возрасни лица, плаќаат 50% од редовната цена на аранжманот.

Општи напомени за автобускиот превоз:
– Патувањето се реализира преку Република Бугарија со попатни паузи, гранични и царински формалности.
– Предвиденото време на поаѓање, враќање и пристигнување е информативно и не може однапред прецизно да се гарантира.
– Времетраењето на патувањето зависи од состојбата во сообраќајот, задржувањата на граничните премини, царинските формалности, временските услови и други непредвидливи објективни околности.
– Евентуалните доцнења предизвикани од сообраќајни услови, гранични премини, царински контроли или други околности надвор од контролата на организаторот не можат однапред прецизно да се предвидат.
– Попатните паузи се определуваат согласно динамиката на патувањето, условите на патот и прописите за работното време на возачите.
– Организаторот го задржува правото да го промени редоследот на програмата и факултативните посети доколку тоа го налагаат сообраќајните, временските, безбедносните или други објективни околности.
– Во случај на затворање на локалитет, ограничување на движење или друга непредвидена ситуација, организаторот може соодветно да ја измени програмата или редоследот на посетите.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email