План и програма на патувањето:
Состанок со групата во Скопје во попладневните часови. Поаѓање кон Будимпешта. Следува ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно патување.05.12.2026 | САБОТА
БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Разглед на Будимпешта.
Следува разглед на градот со локален водич.
Во рамките на разгледот се предвидени:
– Плоштадот на хероите
– Парламентот
– Кралската палата
– Рибарската тврдина
– Цитаделата
– Црквата Св. Стефан
– Црквата Св. Матеј
– улицата Андраши
– улицата Ракоци
– улицата Ваци
– мостовите на Дунав
По разгледот следува сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Појадок во хотел. По појадокот следува слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена.
Виена
Предвиден е панорамски разглед на австриската престолнина.
Разгледот ги опфаќа:
– Рингштрасе
– Операта
– Парламентот
– Ратхаус
– Музејот на модерна уметност
– Градската палата
– Универзитетот
– палатата Белведере
– Катедралата Св. Стефан
– Зимскиот дворец Хофбург
Следува слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
Појадок во хотел. По појадокот следува напуштање на хотелот.
Сент Андреа
Можност за посета на прекрасното Сент Андреа, сместено во близина на Будимпешта. Градчето е познато по старата архитектура, народните ракотворби, винотеките, рибните ресторани, музеите, галериите и црквите. Следува разглед на градчето со претставник од агенцијата. Слободно време за индивидуални прошетки и кафе.
Крстарење по Дунав
Во договорено време се враќаме во Будимпешта, каде следува можност за факултативно крстарење со брод по Дунав. По договор со претставникот од агенцијата следува поаѓање кон Скопје. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
ПРОМО ЦЕНА –165 € по лице
РЕДОВНА ЦЕНА – 185 € по лице
Во цената е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на дадените дестинации
– Ноќно патување преку Србија
– Сместување во хотел 3★ во Будимпешта
– 2 ноќевања со појадок
– Туристички придружник од агенцијата
– Организација и реализација на аранжманот
Во цената не е вклучено:
– Факултативни излети
– Влезници за музеи и културно-историски споменици
– Патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба – 75 €
– Туристичка такса – 2,5 € по лице / ноќ – се плаќа на рецепција
Факултативни излети:
1. Разглед на Будимпешта – 15 €
Задолжителна Факултатива
Разглед на Будимпешта со локален водич и запознавање со најпознатите знаменитости на градот.
2. Крстарење по Дунав – 25 €
Крстарење со брод по Дунав. Во цената е вклучена чаша шампањ.
3. СЕНТ АНДРЕА – 20 €
Посета на живописното гратче Сент Андреа во близина на Будимпешта. Разглед со претставник од агенцијата и слободно време за прошетка.
4. ВИЕНА – 40 €
Целодневна факултативна посета на австриската престолнина со панорамски разглед и слободно време во центарот на градот.
Патни документи:
Начин на плаќање:
– За резервација 30% од вкупниот износ на аранжманот.
– Целосна уплата најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.
Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс: 1 € = 62 денари.
Општи напомени:
– За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 пријавени патници.
– Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
– Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
– За време на разгледите на градовите не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
– Организаторот го задржува правото за промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на локалитет или други околности кои не зависат од организаторот.
Општи напомени за автобускиот превоз:
– Патувањето се реализира преку Република Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
– Точното време и место на поаѓање може да биде предмет на дополнително известување пред започнување на патувањето.
– Предвиденото време на пристигнување и враќање е информативно и не може однапред прецизно да се гарантира.
– Времетраењето на патувањето зависи од состојбата во сообраќајот, задржувањата на граничните премини, царинските формалности, временските услови и други непредвидливи објективни околности.
– Евентуалните доцнења предизвикани од сообраќај, задржување на граница, царински контроли или други околности врз кои организаторот нема директно влијание, не може однапред прецизно да се предвиди.
– Попатните паузи се организираат согласно динамиката на патувањето, условите на патот и прописите за работното време на возачите.
– Организаторот го задржува правото да го промени редоследот на програмата и факултативните посети доколку тоа го налагаат сообраќајните, временските, безбедносните или други објективни околности.
– Во случај на затворање на одреден локалитет, ограничување на движењето или друга непредвидена ситуација, организаторот може соодветно да ја измени програмата или редоследот на посетите.
– За оваа програма важат Општите услови за патување на организаторот.