ЗА НАС

ВИ ПОМАГАМЕ ДА ГО ИСПЛАНИРАТЕ ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ

Инекс е лиценцирана туристичка агенција со A лиценца, членка на IATA (the International Air Transport Association), како и членка на BSP Македонија.

Агенцијата Инекс како самостоен субјект е основана 1991 година, а потекнува од една од водечите туристички агенции на бившите југословенски простори.                                                                                       

Од своето постоење агенцијата работи успешно во областа на туризмот и авиосообраќајотДоказ за успехот и бонитетот е соработката со австриската авиокомпанија Austrian Airlines (13 години) како и со германската авиокомпанија Lufthansa (8 години), како нивен претставник на македонскиот пазар.

Вработените во Инекс се одликуваат со високо ниво на стручно образование, професионалност и постојано надградување на знаењата. Покрај стекнатото образование вработените постојано се стекнуваат со нови знаења во школските центри на авио компаниите и tour-операторите.
Нивната професионалност во услужната дејност се забележува во сите аспекти на нивното работење. Самата соработка со светски брендови придонесува културата на работење на Инекс да се одржува постојано на високо ниво, а квалитетот на сработеното да се мери со светски стандарди. Доказ за квалитетот на работењето на Инекс претставува  застапништвото на германскиот tour opeartor TUI и исполнувањето на поставените стандарди и критериуми. Членувањето во многуте светски хотелски системи и соработка со странските партнери допринесува за висок кавалитет на понуда и сервис.

Во текот на своето работење Инекс продуцира високо квалитетен и професионален кадар кој денес може да се сретне во голем број на туристички агенции во Македонија.

Инекс располага со сопствен деловен простор во строгиот центар на Скопје и има најсовремена технолошка опрема потребна за современо и квалитетно работење.

Работејќи професионално и успешно во областа на туризмот, Инекс се труди да ги донесе услужните туристички дејности на повисоко ниво.

Издвојувајќи се меѓу многуте слични туристички агенции Инекс го карактеризираат ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, ОДРЖЛИВ КВАЛИТЕТ НА УСЛУГА, ПРЕЦИЗНОСТ, НАВРЕМЕНОСТ, УПОРНОСТ и ДОВЕРЛИВОСТ.

Мотивите кои го водат Инекс напред се уште поголем успех, доминација на квалитетот на пазарот на услуги, како и сопствен развој во оваа област и откривање нови можности.

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email