Програма на патувањето:
05.12.2026 (сабота) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата во 05:30 часот на Дрводекор. Поаѓање за Србија во 06:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со со попатни паузи за одмор и царински формалности.. Пристигнување во Пролом Бања и сместување во хотел Радан. Ручек. Слободно попладне за одмор и уживање во услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.
06.12.2026 (недела) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и можност за користење на СПА центарот на хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности и коеристење на СПА. Вечера. Ноќевање.
07.12.2026 (понеделник) ПРОЛОМ БАЊА – ЃАВОЛА ВАРОШ
Појадок. Доколку дозволат временските услови предлагаме факултативен разглед и посета на ѓаволскиот град Ѓавола Варош. Во пладневните часови враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности и можност за користење на СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
08.12.2026 (вторник) ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот доколку дозволат временските услови организирана пешачка посета на Црквата Лазарица. По враќањето напуштање на хотелот и заминување кон Македонија преку граничен премин Блаце. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот – 249 EUR по лице
Во цената е вклучено:
– Превоз на дадената дестинација
– 3 ноќевања на услуга полн пансион (појадок, ручек и вечера) во Хотел Радан
– Користење на спа центар, базените во склоп на хотелот со Пролом вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања
– Користење на теретана и фитенс центар
– Пешачка посета на црквата Лазарица
– Пратител за време на патувањето
– Туристичка такса
Во цената не е вклучено:
– Посета на Ѓавола Варош (ѓаволскиот град) со локален водич и автобуски превоз – 5 евра
– Патничко осигурување
– Индивидулани трошоци
НАПОМЕНИ:
– За single соба се доплаќа дополнителни 45 евра
– Дете до 6,99 со двајца возрасни на дополнително легло (фотеља на спуштање) плаќа само превоз 30 евра
– Дете од 7 до 11,99 со двајца возрасни на дополнително легло (фотеља на спуштање) плаќа 50% од аранжманот
– Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето или валидна лична карта
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
– За овој аранжман важат општите услови на патување на агенцијата