Венеција за 8-ми Март 2026✈

Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.

Промо цена 349 еур (21.640 ден)

Редовна цена на аранжманот 400 еур (24.800 ден)

 

1 ден
(07.03.2026) Сабота
Собир на Скопскиот аеродром во 09:30 часот. Полетуваме за Венеција во 11:55. Пристигнување и трансфер до хотелот во Мештре. Во попладневните часови ја посетуваме Венеција и имаме разглед со локалниот водич. Ноќевање.
2 ден
(08.03.2026) Недела
По појадокот, се упатуваме кон Падова, еден од најубавите градови во северна Италија, местото каде што се наоѓа најголемата катедрала на Св. Антонио, и вториот најстар универзитет во светот. Потоа се упатуваме кон Тревизо, малото градче каде што е започната традицијата на еден од најголемите модни брендови, BENETON, и родното место на познатиот десерт, Тирамису. Враќање во хотел. Ноќевање
3 ден
(09.03.2026) Понеделник
По појадокот во хотел групата се упатува кон Венеција. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
4 ден
(10.03.2026) Вторник
По појадок во хотелот, слободно време до организираниот трансфер до аеродромот во 11:30. Летот за Скопје е во 14:15. Пристигнување во Скопје во 15:55.
Цената вклучува:
– 3 ноќевања во хотел со појадок (во Мештре) – Го објавуваме на два дена пред поаѓање во зависност од групите
– Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје
– Посета на Падова и Тревизо
– Локален водич во Венеција со слушалки
– Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
– Превоз до наведените релации
– Лиценциран придружник

Цената не вклучува:
– Патничко осигурување
– Туристичка такса (5 еур по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)
– Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
– Багаж над 10 кг – информации во агенција

Напомени:
– За реализација на овој аранжман се потребни минимум 22 патници.
– Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
– Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
– Резервации за одреден кат или страна не е можна.
– Селекција на седиште во авион – Истото се доплаќа.
– Доплата за еднокреветна соба 120 еур
– Доплата за дете до 11.99 години – 329 еур

 

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email