Вилата “МЕЛТЕМИ“лоцирана е во центарот на градот Амулиани над супермаркетот Продос. Убаво опремена вила. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер со комора и плотна со 2 рингли има клима уред и тв и тераса со маса и столици.Секоја соба има стандардно купатило и вц. Вилата има и безжичен интернет паркинг јавен кој функционира на принципот прво слободно место.
Цените за дадените смени се однесуваат за наем на студио за 7 ноќи
Користењето на клима уредот, WI-FI е бесплатно

Спроти вилата има паркинг и гостите го користат на принцип прво слободно место
Доплата за превоз:
50 € за возрасни – повратна карта
35€ за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или дете – карта во еден правец;
20 € за прв ред на седиште;
10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
Доплата за бродска карта:
10€ за возрасни – повратна карта;
07 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта
Напомени:
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИОТО, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во агенција 2€ од ноќ за студијата ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
Студиото:
Имаат крпи;
Имаат тоалетна хартија и сапун
Тргнување од Скопје во 01:00 часот наутро од Спортска сала “Борис Трајковски”