Хотел-Апартман “ZEPPOS**” се наоѓа во Неа Мармарас на 200 метри од централна плажа.
Цените на термините(24.05;31.05;07.06;06.09;13.09 и 20.09.2026)
означени со ѕвездичка * во табелата се пакет аранжмани и се дадени по лице за 7 ноќи со вклучен автобуски превоз.
Останатите цени за дадените смени се однесуваат за наем на апартман/студио за 7 ноќи
Користење на клима уред се доплаќа 5€ од ноќ од студио или апартман, WI-FI и паркинг бесплатно (паркингот на принцип прво слободно место).

-За пакет аранжманот во Апартман /Студио потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
Доплата за превоз:
50 € за возрасни – повратна карта;
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во Студијата и Апартманите, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во агенција 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
Студијата и апартманите:
Имаат крпи, тоалетна хартија и сапун.
Тргнување од Скопје во 04:00 часот наутро од Спортска сала “Борис Трајковски”