Венеција

Венеција 

21.04.2022 (четврток) СКОПЈЕ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Состанок на групата во договорено време и место од Скопје. Тргнување за Венеција и патувањето преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и цариснки формалности. Ноќно возење.

22.04.2022 (петок)–ПАЛМА НОВА- ВЕРОНА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Палма Нова во претпладневните часови, по кратка пауза продолжуваме кон Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија. Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не заборавајте и не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра.Во договорено време се упатуваме кон Лидо ДиЈесоло.Сместување во хотел. Ноќевање.

23.04.2022 (сабота) – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ФИРЕНЦА

Појадок. Слободен ден или можност за факултативна посета со локален водич на главниот град на Тоскана и престолнината на ренесансата – Фиренца: Црквата Санта Кроче, Катедралата Дуомо, звоникот и крстилницата, Палатата Векио и репликата на Микеланџеловиот Давид, Галеријата Уфичи, Мостот Понте Векио, Палатата Пити. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

24.04.2022 (недела) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО– ВЕНЕЦИЈА– СКОПЈЕ

Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век, плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде…Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија.

(25.04.2022) Македонија

Пристигнување во Македонија во утринските часови

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 20.03.2022 – 119 € (7.378 МКД)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 139 € (8.618 МКД)

Во цената на аранжманот е вклучено:                                                               

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок;
  • Посета на Верона;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Венеција + превоз со брод на релација Пунта Сабионе – Венеција – Пунта Сабиони –
  • Посета на Фиренца – 50 € (превоз + локален водич) – минимум 30 патника;
  • Туристичка такса која се плаќа во хотел (1 € по лице по ноќ, се плаќа во агенција);
  • Влезници за музеите и културно – историските споменици.

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. 

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ИТАЛИЈА

  1. Патниците кои се имунизирани се должни да го презентираат сертификатот / потврдата за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози вакцина против заразната болест COVID-19 – од вакцините што се признати од Европската агенција за медицина (ЕМА); и Негативен ПЦР тест не постар од 72часа

За деца до 11.99 години за влез во Италија не е потребен ниту тест, ниту вакцина
За деца од 12 до 17.99 години за влез во Италија потребен е антиген тест

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
  3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
  4. Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Велигден

Крф

Крф   21/22.04.2022 – четврток/петок Состанок на групата на паркингот

Детали »
Велигден

Будва

Будва и Бокакоторски залив 1.ден (21.04.2022) СКОПЈЕ – БУДВА Состанок

Детали »
02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email