Будва

Будва и Бокакоторски залив

1.ден (21.04.2022) СКОПЈЕ – БУДВА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 22:00ч. Поаѓање за Будва во 22:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

2.ден (22.04.2022)     МАНАСТИР ОСТРОГ – БУДВА
Посета на манастирот Острог кој е едно од најпосетуваните светилишта во Црна Гора и на Балканот, кој  датира од XVII век основан од Василиј Острошки. Пристигнување во Будва во претпладневните часови. Разглед на градот: прошетка на стариот дел на градот во кои се наоѓаат најважните културно-историски споменици, цитадела, градските ѕидини, Музејот, Галеријата, спомен куќа на Стјепан Митров Љубиша, цркавата Св.Јован Крстител, цркавата Св.Иван, цркавата Св. Сава, марината, полуосторвот Св. Стефан. Сместување во Вила Монте Рио. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

3.ден (23.04.2022)      БУДВА – ТИВАТ – БОКАКОТОРСКИ ЗАЛИВ со посета на ПЕРАСТ
Појадок. Можност за факултативен излет до Тиват. Прошетка и разглед на градот: католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча, луксузниот комплекс “Порто Монтенегро”, Ботаничката градина, организирано крстарење до црквата Госпа од Шкрпеља која се наоѓа на островче во близина на градчето Пераст. Крстарењето продолжува со посета на Пераст, препознатлив по 17 католички цркви и 16 палати. Овој средновековен град е карактеристичен по своите 9 одбранбени кули изградени од Венецијанците во 15 и 16 век. Слободно време за прошетка и разглед на градот. Враќање во Будва во попладневните часови. Ноќевање.

4.ден (24.04.2022)      БУДВА – ЛОВЌЕН – ЦЕТИЊЕ – РИЈЕКА ЦРНОЈЕВИЦА
Појадок. Факултативна посета на националниот парк Ловќен, еден од петте национални паркови во Црна Гора. Ловќен е национален парк од 1952 г. со површина од 64000 хектари и сместен на надморска височина од 939 метри. Посета на мавзолејот на Његош,споменик каде почива Петар II Петровиќ Његош, црногорски владетел и поет. Изграден од 1970-1974 година, и претставува еден од најважните споменици на црногорската култура и се смета за еден од највисоките мавзолеи во светот. Патувањето продолжува со посета на Цетиње, основан во 15 век од Иван Црнојевиќ, стара кралска престолнина. Прошетка и разглед на градот: националната библиотека,  музејот, институт за зачувување на културното наследство, Црногорскиот кралски национален театар… Посета на Ријека Црнојевица мал град, со население од околу 175 жители. Основан кон крајот на 15 век.  Крстарење со бродче по реката Црнојевица, долга 13 км, која се влева во Скадарско езеро. Областа по течението на оваа река е карактеристично по својата живописна убавина. Враќање во Будва во попладневните часови. Ноќевање.

5.ден (25.04.2022)      БУДВА – КОТОР –  СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета на прекрасниот стар град – Котор: катедралата св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, Поморскиот музеј, црквата Св.Никола…Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Заминување кон Скопје во попладневните часови преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 99 € (6.138,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Вила Монте Рио, 3 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи како по програма
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативен излет до Котор 6€
– Факултативен излет до Тиват и крстарење до Бокакотоски залив со посета на Пераст 25€ (со вклучена влезница за во музеј)
– Факултативен излет до Националниот парк Ловќен (со вклучена влезница во мавзолејот на Његош), Цетиње, крстарење по Ријека Црнојевица 20 €
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Патничко здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош или лична карта.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенцијата.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Велигден

Крф

Крф   21/22.04.2022 – четврток/петок Состанок на групата на паркингот

Детали »
02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email