Будимпешта – Автобус

БУДИМПЕШТА – СТ.АНДРЕА – ВИШЕГРАД – ЕСТЕРГОМ

КРАЛСКА УНГАРИЈА

 

22.04.2022 Скопје – Будимпешта

Состанок на групата во 18:00 часот и заминување за Будимпешта во 18:30 часот. Патот води преку Р.Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

23.04.2022 Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водичПлоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Попладне организирана прошетка по улицата Ваци која завршува со познатата слаткарницата Жербо. Можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта пропратено со прекрасните звуци на виенски валцер,чаша шампањ и објаснување на локален водич. Враќање во хотел. Ноќевање.

24.04.2022 Естергом – Вишеград – Ст.Ангреја

Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот со локален водич и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Вечерта можност за факултативна посета на Чарда – национален ресторан со богата уметничка програма и мени од унгарската национална кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.

25.04.2022 Будимпешта – Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и посета на шопинг центарот Арена Плаза. Слободно време за шопинг. Околу пладне заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 Цена на аранжманот за уплати до 10 Март: 7.290,00 денари

Цена на аранжманот за уплати до 1 Април: 7.750,00 денари

Цена на aранжманот: 8.590,00 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со модерни туристички автобуси
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*во Будимпешта
  • Разглед на Будимпешта со локален водич
  • Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Посета на национален ресторан Чарда
  • крстарење по Дунав со шампањ и локален водич
  • Целодневен излет до Естергом, Вишеград и Ст.Андрија со локален водич
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети

Напомена:

  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
  • За ова патување важат општите услови на агенцијата

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Велигден

Крф

Крф   21/22.04.2022 – четврток/петок Состанок на групата на паркингот

Детали »
Велигден

Будва

Будва и Бокакоторски залив 1.ден (21.04.2022) СКОПЈЕ – БУДВА Состанок

Детали »
02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email