Нови Сад

Нови Сад


1.ден (21.04.2022) СКОПЈЕ – НОВИ САД

Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 часот. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

2.ден (22.04.2022) НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

3.ден (23.04.2022)     ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ 
Појадок. Полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српската Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активност или шопинг. Ноќевање.

4.ден (24.04.2022) СУБОТИЦА – ПАЛИЌ –  ВИНАРИЈА НА ЗВОНКО БОГДАН 
Појадок. Можност за целодневна факултативна прошетка до Суботица и езерото Палиќ. Разглед на градот: Корзото – познатото шеталиште, плоштадот Слобода, Градската куќа која преставува препознарлив симбол на овој град, споменикот на цар Јован Ненад, Народниот театар, Градската библиотека, суботичката катедрала Св. Терезија, Синагогата која преставува ремек дело, познатата Плава фонтана бисер на градот… по разгледот слободно време. Посета на езерото Палиќ кој се наоѓа во близина на градот. Езерото, раскошните паркови, необичните градби од почетокот на 20 век.  Патувањето продожува со посета на винаријата на Звонко Богдан, која е именувана по славниот пејач на Суботица на староградски песни и се наоѓа во традиционален вински регион на источниот брег на езерото. Разглед на винаријата и дегустација на три вида на вино. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Ноќевање.

5.ден (25.04.2022)     НОВИ САД –СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности….или факултативно заминување во посета на Салаш , кој ќе ве воодушеви со неговиот автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладне заминување за Македонија .Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Заминување кон Скопје во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 119 € (7.738,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел  Dash **** на база 3 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Организиран ручек во Салаш
– Факултативна посета на Суботица, езерото Палиќ и винаријата Звонко Богдан (20€)
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здравствено осигурување други неспоменати посети и услуги
– Туристичка такса 1,5 еур по лице на ден, се на платува во агенција

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За патување потребено е да се поседува валидна лична карта или биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенцијата.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Велигден

Крф

Крф   21/22.04.2022 – четврток/петок Состанок на групата на паркингот

Детали »
Велигден

Будва

Будва и Бокакоторски залив 1.ден (21.04.2022) СКОПЈЕ – БУДВА Состанок

Детали »
02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email