Белград

Белград

1.ден (22.04.2022 Петок)     БЕЛГРАД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday inn” во 03:30 часот. Поаѓање за Белград во 04:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Дневно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување околу пладне. Организиран разглед на градот со локален водич: плоштадите Славија и Теразије, Булеварот на Крал Александар, Скупштина (Парламентот), црквата Св.Марко, Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, тврдината Калемегдан, Народниот Театар, Народниот Музеј, мостовите на Сава… Сместување во хотел во попладневните часови. Ноќевање.

2.ден (23.04.2022 Сабота)    БЕЛГРАД 
Појадок. Можност за факултативна посета на Меморијалниот Центар и “Куќата на цвеќето” во која се наоѓа гробот на некогашниот претседател на СФРЈ – Јосип Броз Тито. Во продолжение на денот, слободно време за индивидуални активности и прошетки, или посета на шопинг центарот “Ушќе”. Ноќевање.

3.ден (24.04.2022 Недела)     БЕЛГРАД
Појадок. Заминување кон центарот на градот. Можност за индивидуални прошетки низ улицата Кнез Михајлова и тврдината Калемегдан, Крстарења по Сава и Дунав, или пак посета на Белградската зоолошка градина. Попладне заминување кон Скопје. Пристигнување во вечерните часови.

Цена во претпродажба109 Є (6.758,00 мкд)
Редовна цена на аранжманот: 119 Є (7.378,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 НП (ноќевања со појадок)
– Организиран разглед на Белград со локален водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Факултативна посета на меморијалниот центар и “Куќата на цвеќето” – 10 €
– Факултативно крстарење по Сава и Дунав – 15 €
– Патничко здравствено осигурување.

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош или лична карта.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенцијата.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Велигден

Крф

Крф   21/22.04.2022 – четврток/петок Состанок на групата на паркингот

Детали »
Велигден

Будва

Будва и Бокакоторски залив 1.ден (21.04.2022) СКОПЈЕ – БУДВА Состанок

Детали »
02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email