АТИНА

АТИНА

21.aприл (четрврток) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање кон Грција во 19:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

22.aприл (петок) АТИНА – АКРОПОЛ
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака… Сместување во хотел. Ноќевање.

23.април (сабота) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Организиран излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Вечерта, можност за факултативна – вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

24.април (недела) АТИНА  СУНИОН – ПИРЕА
Појадок. Заминување од хотелот и Атина, со претпладневна прошетка покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени… рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Во враќање, посета на Пиреа (едно од најголемите пристаништета на Медитеранот), како и на нејзините познати марини.
Во попладневните часови, продолжување кон Македонија.
Патувањето води покрај Термопилите (споменикот на Спартанците) и клисурата Темби (црквата Агиа Параскеви). Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Редовна цена на аранжманот: 139 € (8.618,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич и Акропол (без вклучена влезница)
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Факултативна вечера во национален ресторан
– Организиран разглед на Пелопонез и Арголида со локален водич, превоз и слушалки 25€ (без вклучени влезници)
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здраствено осигуривање
– Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенцијата

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Велигден

Крф

Крф   21/22.04.2022 – четврток/петок Состанок на групата на паркингот

Детали »
Велигден

Будва

Будва и Бокакоторски залив 1.ден (21.04.2022) СКОПЈЕ – БУДВА Состанок

Детали »
02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email