Куќа „Цимбукас“ – Неа Флогита

Куќа „Цимбукас“

 

Куќа „Цимбукас“ е лоцирана на извонредно мирна и тивка локација, помеѓу приватни куќи на почетокот на Неа Флогита. Оддаленена е околу 250 метри максимум од песочната плажа.

 

Има сопствен затворен паркинг, голем убаво уреден зелен двор со ѕидана скара. Располага со 8 идентични мезонети за 4 лица, кои на приземјето имааат два одвоени кревета и комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, а на спратот брачен – француски кревет.

 

Исклучително квалитетно уредена, во комбинација на модерен и традиционален стил, дрво и камен. Пред секоја од мезонетите има голем трем – тераса. Куќата е една од најквалитетните воопшто во понудата на нашиот пазар која сигурно ќе ги задоволи вкусовите и на најпробирливите патници. Изградена е целосно во лето 2019 година. Интернетот и климата се вклучени во цената.

 

Попуст за рана резервација:

– 15% за вонсезонски цeни / – 20% за сезонски цени

за 50% уплата заклучно со 31.01.2022

и целосна доплата  20 дена пред терминот на патувањето

 

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
22/05-29/05 7 89 40
29/05-05/06 7 109 40
05/06-12/06 7 119 40
12/06-19/06 7 159 40
19/06-26/06 7 189 40
26/06-03/07 7 209 40

*Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

Термин Ноќевања ¼ мазонета
03/07-10/07 7 609
10/07-17/07 7 639
17/07-24/07 7 679
24/07-31/07 7 679
31/07-07/08 7 679
07/08-14/08 7 679
14/08-21/08 7 679
21/08-28/08 7 659

 

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
28/08-04/09 7 209 40
04/09-11/09 7 199 40
11/09-18/09 7 159 40
18/09-25/09 7 119 40
25/09-02/10 7 89 40

*Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

Напомени и услови:

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.

За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува 10 евра (620 денари).

Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплатата за трето лице од 40 евра (без разлика дали користат превоз).

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА МЕЗОНЕТ ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:

За возрасни 2480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра)

За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550  мкд. (25 евра)

Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро. Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).

За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.

Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.

Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email