Врахос

ВРАХОС БИЧ– се наоѓа на 600 км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, околу два километри долга плажа, виовозможува прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Изобилува со кафанчиња, таверни, и рибни ресторани сместени по убавото шеталиште покрај море. Врахос секако ќе ви понуди преубав одмор во едно мало, мирно место богато со борова шума имаслинови дрвa.
ВИЛА ФИЛОКСЕНИЈА се наоѓа во крајниот дел од плажата на Врахос во помирен дел. На 50 метри од плажа, со прекрасен двор, природни сенки од маслинови дрвја и лулашки за деца. Вилата има сопствен паркинг и лежалки на плажа кои се бесплатни доколку гостите порачаат пијалок од барот. Вилата располага со трокреветни студија и четворокреветни апартмани. Апартманите се во новиот дел, студијата се во стариот дел.  Сите се со балкон, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ и Wi-Fi, клима (со доплата 7евра на ден ), пешкири и постелнина се менува 2 до 3 пати во текот на престојот (зависно 7 или 9 ноќи), чистење секојдневно.

Студио бр.4 и бр.5  двокреветно студио со 3 единечни кревети на високо приземје

Апартмнан бр.3, бр.4 и бр.5 четворокреветни апартман на 1 кат, со две простории, спална со брачен кревет и излез на балкон, кујна со 2 единечни кревети.

Апартман бр.1 и бр.2 четворокреветни апартман на 2 кат, со две простории, спална со брачен кревет и излез на балкон, кујна со 2 единечни кревети.

Термин Ноќи 1/3 СТД 1/4 АПП
01.06 7 220 € 270 €
08.06 7 260 € 300 €
15.06 7 340 € 400 €
22.06 7 400 € 440 €
29.06 9 510 € 590 €
08.07 9 540 € 650 €
17.07 9 590 € 720 €
26.07 9 590 € 720 €
04.08 9 590 € 720 €
13.08 9 590 € 720 €
22.08 9 550 € 670 €
31.08 7 420 € 500 €
07.09 7 340 € 450 €
14.09 7 270 € 350 €
21.09 7 230 € 300 €

НАПОМЕНИ:
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 или 9 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.

ВИЛА ЈОНИАН ВЈУсе наоѓа на 50 метри од плажа и има прекрасен поглед на целиот залив во Врахос. Вилата има сопствен паркинг, расоплага со модерно опремени четворокреветни пространи апартман. Сите апартмани имат свој балкон со поглед на море, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ, купатило и клима (се доплаќа 6евра ден). Опис: апартманите се лоцирани на 2 кат, имаат две простории, спална со 1 брачен кревет и кујна со 2 единечни кревети, пешкири и постелнина се менува 2 до 3 пати во текот на престојот (зависно 7 или 9 ноќи).

Термин Ноќи 1/4 АПП
01.06 7 300 €
08.06 7 380 €
15.06 7 430 €
22.06 7 500 €
29.06 9 660 €
08.07 9 730 €
17.07 9 790 €
26.07 9 790 €
04.08 9 790 €
13.08 9 790 €
22.08 9 750 €
31.08 7 550 €
07.09 7 500 €
14.09 7 430 €
21.09 7 380 €

НАПОМЕНИ:
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 или 9 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.

Вила ВРАХОС Бич се наоѓа во централниот дел, на 50 метри од плажа. Вилата располага со трикреветни апартмани, лоцирани на високо приземје, со комплетно опремена кујна, балкон, сопствен тоалет, WI-FI, ТВ, клима (се доплаќа 10 евра на ден), пешкири и постелнина се менува 1 до 2 пати во текот на престојот (зависно 7 или 9 ноќи).

Термин Ноќи 1/3 АПП
01.06 7 240 €
08.06 7 290 €
15.06 7 390 €
22.06 7 450 €
29.06 9 590 €
08.07 9 650 €
17.07 9 720 €
26.07 9 720 €
04.08 9 720 €
13.08 9 720 €
22.08 9 690 €
31.08 7 490 €
07.09 7 450 €

НАПОМЕНИ:
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 или 9 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.

-Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.

-Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.  Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 01.00часот, поаѓање во 01.30часот на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.  Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање  да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.

-Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

-Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд). 

-За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.

-Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

-Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.

-Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време

-За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
-Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио/апартман.

-Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

-Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.
Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите.
Доплата за превоз:
Превоз за возрасен 70 евра / Еден правец 50 евра
деца до 12години 50 евра / Еден правец 35 евра
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 

 

 

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email