Вила Ангелос – Скијатос

ВИЛА АНГЕЛОС

Вила “Angelos” – лоцирана во Вромолинос на оддалеченост 250 метри од плажа. Вилата има голем двор со бар и базен, паркинг со ограничен капацитет. Располага со двокреветни студија , сите со комплет опремена кујна, ТВ, бања со туш и фен, клима која се доплаќа на лице место и Wi-Fi. Студијата се наоѓаат на приземје, прв и втор спрат.

Попуст за резервации направени до 31.01.2022 -10%

Цена по лице со вклучен превоз

Термин Ноќевања Вила Ангелос
31.05 7 139 €
07.06 8 149 €
15.06 8 179 €
23.06 8 219 €
01.07 8 249 €
09.07 8 269 €
17.07 8 299 €
25.07 8 299 €
02.08 8 299 €
10.08 8 299 €
18.08 8 299 €
26.08 8 269 €
03.09 8 219 €
11.09 9 189 €
20.09 9 179 €

*Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден.

НАПОМЕНИ:

  • Цените се дадени за пакет аранжман по лице за 7,8 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз, брод, трансфер пристаниште-вила-пристаниште .  Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Минимум две лица во студио. Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител (плаќа само превоз).
  • Поаѓање: Состанок на групата на Дрво Декор спроти хотел Холидеј Ин во 22.30ч. Поаѓање е во 23.00ч. Агенцијата го задржува правото за промена на времето на поаѓање во случај на промена на времето на поаѓање/враќање од страна на бродската компанија. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање
  • Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Само автобуски превоз 110 еур за возрасни / еден правец: 80 евра. Деца од 6 до 12 год 45 еур / Еден правец 35 евра. Деца до 2 год-бесплатно (без седиште)
  •  За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за прво, второ и трето лице по 25 еур, за деца до 12 години не се одбива;
  •  Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе (на промотивните цени НЕ следува попуст, попустот за рано букирање и попустот за две смени НЕ може да се комбинираат)
  •  Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  •  Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот по локално време, а напуштање на истите е во 09.00 часот.
  •  По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Сопствениците на вилите го задржуваат правото, во случај на причинета материјална штета за време на престојот, да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Магелан“ и на самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата
  • Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз. За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно. При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај. За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот. Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.
  • Протокол за влез во Грција / Македонија:
  • Негативен PCR или негативен Брз антиген тест, или потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината) или сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање. Патниците кои патуваат со свое возило треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците https://travel.gov.gr/#/

Најнови Понуди

Побарај понуда

Слични понуди

Јонски брег

Парга

ПАРГА ПАРГА –градче кое се наоѓа во приморскиот дел на Епир,

Детали »
02 3216389

Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in

Address

184 Mayfield St. Hopewell
Junction, NY 12533

Phone

Email